15 Декември, 2025
0.1269

„ДОГОВОРОТ СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ДОАЃА КАКО УТЕШНА НАГРАДА“: Величковски за договорот за партнерство

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2025 08:45

Добивај вести на Viber

Ивон Величковски се огласи за договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство.
Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство (ОК) како и претходно-потпишаното со САД не се замена ниту спротивставени со членството на Северна Македонија во ЕУ.

Обете доаѓаат како утешна награда – партнерството со САД по дебаклот на Скопје во евроатланските интеграции 2008, со ОК по дебаклот со евроинтеграциите сега.

Затоа, да не паѓаме во стапицата што ВМРО-ДПМНЕ ја постави за да изнуди само предвидлива реакција од СДСМ „дајте информации за што ќе служи кредитното задолжување“.

Сите знаеме дека вака поставен – и британскиот ќе биде нов „унгарски“ кредит – без ефект по домашната економија, инфраструктура и стандард, доволен за еден месец медиумска помпа.

Едноставно, ако сметаме дека Стратешкото партнерство со ОК е корисно, но не и кредитното задолжување во ваков формат и намена - СДСМ може да го направи едноставното, а најпотребно решение - да поднесе уставен амандман за дополнување на Преамбулата.

Неговото донесување веднаш ни ги продолжува преговорите со ЕУ и Скопје го враќа во процесот со Тирана (и Подгорица).

И ни отвора нови фондови – повратни и бесповратни, секако, по поглавјата по кои преговараме и пошироко.

Впрочем стратешките партнерства и со ОК сега и со САД и Турција потпишани претходно – не се спротивставени на членството на Северна Македонија во ЕУ ниту членството во ЕУ ги поништува стратешките партнерства.

Секој кој сака суштински исчекор на нацијата, а не само расправа колку да се води расправа – знае дека таквиот амандман поднесен од СДСМ нужно ќе биде поддржан од ДУИ. А потоа – ајде нека ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН кажат „не“ за да бараат „креативни решенија“.

Во спротивно – идејата е само да се вреви по социјални мрежи и медиуми – и ништо повеќе.

Основата на стратешкото партнерство е во Договорот за партнерство, трговија и соработка со ОК потпишан од министерот за надворешни работи, Османи (односно од претходната влада).

Со оглед на тоа што имаме континуирана определба за стратешко партнерство на Северна Македонија со Обединетото Кралство, со деблокирањето на интеграциите само ќе расчистиме за тоа кој е за, а кој вистински против неразумно задолжување како ризик за обата партнери.

Парадоксално, деблокирањето на евроинтегративниот процес пред кредитното задолжување ќе овозможи:

- И оваа и следната Влада да нема потреба да не задолжува во ОК за она што бесповратно или по поповолни услови би го добила како кредитирање од ЕУ.

- За тоа време, употребата на кредитните средства од ОК за другите проекти ќе добие на интензитет, широчина на опфат на области, но и на поголема физибилност.

Кратка илустрација:

Ако здравствените реформи водат кон постигнувањето европски стандарди, изградбата на проектираните болници ќе може да користи европски средства паралелно со продолжувањето на преговорите со Брисел.

А проектот за брза пруга со британски наместо унгарско-српско-кинески средства ќе има време да биде проверен дали би бил исплатлив и, ако да, за колку време. Затоа што во моментот исплаќаме кинески кредит за делница од Е75, нели?

Но тоа ќе овозможи и координација на динамиката и приоритетите: изградбата на пругата и патиштата по коридорот 8 можат да се водат паралелно со рехабилитацијата и подобрувањето на железничката мрежа по коридорот 10, додека сериозно ќе се испита одржливоста на „брзата пруга“ и нејзината најдобра траса. За да не ја градиме како автопатот Кичево-Охрид...

Да се потсетиме и дека приоритетноста на коридорот 8 први ја потенцираа – британски генерали.

Мора да потсетуваме, затоа што партиите во Собранието не сакаат да се спомнува дека Северна Македонија има двојна (транспортно-логистичка) улога во регионот:

- и кон Источното крило на НАТО

- и кон пристапот на сојузниците кон Источниот Медитеран.

А ја избегнуваат темата затоа што:

- тоа моментално не е комплементарно со улогата на Србија во регионот, па

- сметаат дека Албанија нема да се поврзе железнички со Бугарија преку Косово и Србија и трасата целосно да ја заобиколи Северна Македонија ако ние не го комплетираме коридорот 8, оти

- не очекуваат Белград да ги остави „на цедило“ и без инструкции, во надеж дека,

- со стратешкото партнерство со Лондон ќе се претставуваат за (доволно) прозападни и конструктивни.

За да ги процениме националните интереси на Северна Македонија, а не на партиските врвови во Скопје и Белград, да се сетиме дека само малкумина „мрчатори“ и „небитни политичари“ пред неколку години предупредувавме дека Балтичкото и Егејското Море ќе се поврзат – заобиколувајќи не ако го игнорираме коридорот 8.

Затоа, еве ви одржливо решение.

Освен ако не сте должни да ги поддржувате само „креативните решенија“ на Мицкоски“, вели тој.



Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани