Дојди, скрши чаши и чинии и ослободи се од напнатоста: Во Скопје се отвори првата анти-стрес соба
Објавено во: Стил 20 Март, 2021 17:48
Луѓето практикуваат разни начини за ослободување од стресот и од напнатоста. Спортот е еден од нив, а многумина го избираат удирањето во боксерска вреќа за да ја истераат лутината од нив.
Постои уште еден начин кој е хит во светот, и се има покажано како доста ефикасен, а сега го има и во Скопје. Облекуваш заштитна опрема, кршиш стакло, керамика и други предмети со чекан или со палка, и излегуваш од анти-стрес собата како нов. Токму ова го нуди местото Smash It Up, во центарот на Скопје на улицата Орце Николов. „Дојдете, сршете, ослободете се од стресот“ е девизата на ова уникатно место.
Кај нашиот домаќин Горан Бошковски ја однесовме манекенката Билјана Јаневска која и самата се увери во делотворноста на овој метод. Билјана кршеше чаши и шолји и откако му испозира на нашиот фоторепортер, му порача на сопственикот на Smash It Up: „Ќе доаѓам овде два пати во неделата.“
Повеќе на Женски магазин овде* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





