Дојков: Бугарија не го запре процесот, не стави вето
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2020
Нашите односи отсега ќе продолжат да изгледаат како односи меѓу две соседни земји, вели бугарскиот заменик министер за надворешни работи Петко Дојков.
Додава дека едната земја веќе подолг временски период вложува големи напори да ја поддржи втората, а другата аплицира за членство во ЕУ.
„Акцентот на дискусиите секогаш е насочен кон Бугарија. Постојат две гледишта. Едното е нашето, второто е на Скопје. Според Скопје, има напредок ако се направи споредба со другите слични историски комисии. Но, нашето мислење е спротивното. Имаме одредени очекувања. Наше мислење е дека работата на оваа комисија еднострано прекината, а резултатите што се постигнати не се официјално реализирани“, изјави тој за „Денот ОН ЕР“.
Вели дека постои голема доза на внатрешна политика во недоразбирањето на Бугарија со Македонија. Рече учебниците во земјава имаат содржини „што не одговараат на сфаќањата“ на Бугарија. Според него, Бугарија не го запре процесот, не стави вето и очeкува земјите да се смират инаку ќе биде тешко да се разговара.