„ДОЈРАН“ И „ЕВЗОНИ“ ОТВОРААТ НА 14. МАЈ: Со сертификат за вакцинација или негативен ПЦР летово во Грција
Објавено во: Македонија 31 Март, 2021
Министерот за
здравство, Венко Филипче денеска информираше дека е во постојана комуникација
со неговиот грчки колега, а во разговор со грчкиот министер за туризам, Хари
Теохарис бил известен дека на 14. мај Грција планира да ги отвори граничните
премини „Дојран“ и „Евзони“ и за македонските граѓани. Граѓаните на Македонија
кои планираат да патуваат во грција ќе мора задолжително да покажат сертификат
дека се вакцинирани или пак да имаат негативен ПЦР тест за ковид-19.
-Имаме честа комуникација со грчкиот министер со здравство, а разговаравме и со грчкиот министер за туризам Теохарис. Во врска со мерките, ме извести дека двете граници со Македонија ги отворат на 14.мај за нашите граѓани, а тоа се премините „Дојран“ и „Евзони“. Но, ќе биде задолжително потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест. Земав обврска да видиме какви ќе бидат нашите потврди за вакцинација и листата на овластени лаборатории кои може да даваат ПЦР тест, наглси денеска Филипче.
А.Б.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.