ДОКТОРКАТА КОЈА ГО ОТКРИ ОМИКРОН: Следната варијанта би се ширела побавно, но можеби би била поопасна
Објавено во: Свет 14 Декември, 2021 20:55
Докторката која го откри омикрон сојот на коронавирусот ги критикува мерките на одредени држави.
Јужноафриканската докторка Анџелика Кеце вели дека оние мерки кои ги донесе Британија се граничат со хистерија. Таа опиша како се справува со заразените со омикрон.
„Како доктор по општа пракса, со 33 години искуство, припаѓам во кадар кој прв ги прима пациентите. Ние секојдневно се занимаваме со реални луѓе, а не со статистики и проекции и можам да ве убедам дека сите симптоми кои се јавуваат кај омикрон се многу благи во споредба со оние кои ги гледаме кај делта сојот. Не верувајте ми само на зборот. Видов многу пациенти со омикрон кои претходно имаа делта сој и тие ќе ви кажат дека иако не сакале да се заразат со Ковид, се чувствуваат среќно затоа што вториот пат се заразиле со омикрон. Мојот прв омикрон случај, момче кое дојде во мојата ординација на почетокот мислеше дека предолго бил изложен на сонце поради тоа што работел надвор. Пациентот главно имаше болка во мускулите, болка во телото, главоболка и малку беше изморен. И изгледа дека таквите симптоми не стануваат ништо потешки од тоа. По околу пет дена исчезнуваат и тоа е тоа“, раскажува лекарката.
Вели дека следната варијанта на коронавирусот која би можела да се појави би се ширела побавно, но можеби би била поопасна, и затоа потребна ни е цела помош која можеме да ја добиеме од природниот имунитет.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




