25 Април, 2024
0.0277

„Доларот е наша валута, но тоа е ваш проблем“

Објавено во: Колумни 10 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Во  почетокот на наредната година во најмоќната фотелја, по претседателската, во САД треба да седне нов водач. Бен Бернанке актуелниот претседател на ФЕД (централна банка на САД) чека да биде заменет со едно од двете имиња екслоатирани во јавноста - Џенет Јелен, актуелната заменичка на претседателот на Банката и Лоренс Х. Самерс, поранешен министер за финансии на актуелниот претседател Барак Обама. Двајцата се од Демократската партија и изборот на било кој од нив ќе ја прекине четвртвековната традиција со ФЕД да раководат членови на Републиканската партија, дури и во три мандати на демократски претседатели. Крајниот збор го има претседателот Обама, кој го именува гувернерот на банката. Се разбира, според тоа чија концепција во водењето на институцијата ќе донесе најголеми бенефити за американската економија и општество. Во овој контекст изгледа чудна расправата за тоа  дали ќе се избере „гулаб“ или „јастреб“ во ФЕД, бидејќи и едниот и другиот го имаат предвид остварувањето на американските интереси. Но, дебатата во американската јавност по ова прешање веќе е широко отворена од едноставна причина што спроведувањето на политиките директно засегнува во интересите на одделни социјални групи  во САД. На посиромашните поприфатлив им е „гулабот“, додека на побогатите повеќе им одговара „јастребот“. Во првиот се гледа продолжување на политиката на релаксирана монетарна политика за да се оствари поголема вработеност, односно да се намали невработеноста на општествено прифатливо ниво, а во вториот се гледа можна корекција на таквата политика преку намалување на влијанието на државата во економијата и поголемо потпирање врз претприемништвото и бизнис елитата, со обезбедување на помала регулација од онаа која се создаде по кризата. А за кризата, и актуелните кандидати и првиот човек на ФЕД вината ја фрлаат врз   неразумната дерегулација на финансиските текови во светот, како САД да не се главните „ороводци“ на светските финансиски текови. Проблемот е што  и Јелен и Самерс, и покрај споменатите финеси, зборуваат за злото од нееднаквоста и за економската улога на државата, што укажува на фактот дека е малку веројатно дека во практиката може да дојде до поголеми разлики во водењето на политиката на ФЕД, па било кој од нив да ја заземе позицијата на претседател на централната банка. Ако нееднаквоста е зло таа треба да се намалува, а тоа не може без поголема улога на државата. Оваа притивречност не ќе е лесно да се надмине. Ниту „гулабот“ може да ја продолжи до бескрај релаксираната монетарна политика, ниту „јастребот“ може да направи пресврт во дерегулацијата, освен да ја затапи острицата на постојниот закон на Дод и Франк, со кој се воведе поостра регулатива на финансиските институции. Реално е во двата случаи да се води сметка за тековните и долгорочните интереси на САД, со тоа што ефектите од споменатите политики нееднакво ќе се дистрибуираат во населението. Во дебатите за избор на нов човек на тронот на ФЕД ретки се  авторите кои укажуваат дека централната банка на САД има клучна улога во задоволувањето на ликвидноста во меѓународните плаќања, со оглед на тоа што доларите што ги емитира вршат и функција на светски пари. Од овој аспект гледано, не е се‘едно како се раководи ФЕД  и како се остварува монетарната политика. Меѓутоа, тоа за САД од поодамна не е најважно. Познат е ставот на министерот за финансии на САД  Џон Коноли во 1971 година, кога на состанок на 10 најважни министри за финансии од светот им порача дека „доларот е наша валута, но тоа е ваш проблем“. Затоа сите претседатели на ФЕД се преокупирани со остварувањето на двете нејзини цели- намалување на невработенста и остварување на прифатлива ценовна стабилност, а не е важно како тоа се одразува врз глобалната економија. Нивната политика, по напуштањето на конвертибилноста на доларот во злато, никогаш не го чувствува товарот од меѓународната улога на доларот- одржување на стабилна валута (освен, да не се доведе во прашање таквата улога). На интересите на САД, во одделни фази на развојот им одговара стабилен долар, а во други нестабилен и во согласност со тоа тие водат таква политика. Со неговата меѓународна улога, и кога ја губи и кога ја зголемува куповната моќ на доларот, американската економија  остварува високи монетарни профити. А не е важно во какви неволји ги фрлаат економиите во другите земји. Тоа ќе биде така се‘ додека не се реформира Меѓународниот монетарен систем врз основа на создавање на глобална валута, односно додека не се  истиснат националните валути од нивната меѓународна улога. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД