ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути
Објавено во: Економија 26 Ноември, 2024
Иран и Русија во трговските трансакции користат само национални валути, а повеќе не долари, во согласност со билатералните договори во финансискиот сектор, изјави гувернерот на Централната банка на Иран, Мохамад Реза Фарзин.
„Склучивме валутен договор со Русија и целосно го отстранивме доларот. Сега тргуваме само со рубли и риали“, рече гувернерот на конференцијата што ја пренесува ТВ каналот СНН, според извештајот на руската новинска агенција ТАСС.
Финансиските власти го договорија курсот што ќе го применуваат за надворешно-трговските трансакции, додаде Фарзин.
На 21 октомври Кремљ објави дека употребата на националните валути во иранско-руските трансакции е зголемена за 12,4 отсто од почетокот на годината и сега сочинува 96 отсто од сите трансакции.
Во јули руската и иранската централна банка потпишаа договор за размена на валути, при што е завршена интеграцијата на рускиот платен систем Мир и иранскиот Шетаб, потсетува агенцијата ТАСС.
Руската и иранската централна банка ја завршија првата фаза од интеграцијата, објави пред две недели на социјалната мрежа Х, шефот на Одделот за односи со јавноста на Централната банка на Иран, Мостафа Гамари Вафа, според извештајот на ТАСС, додавајќи дека Граѓаните на Исламската Република сега можат да користат картички на територијата на Русија на системот Шетаб за подигање готовина во рубли.
На крајот од втората фаза, руските туристи ќе можат да подигнуваат готовина од банкоматите во Иран, користејќи Мир картички, а на крајот на третата, иранските граѓани ќе можат да плаќаат за стоки и услуги со Шетаб картички во Русија. соопшти руската новинска агенција Интерфакс.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.