02 Мај, 2024
0.0303

Долг од 7,6 милиони долари – причина за самоубиството на девојката на Мик Џегер?

Објавено во: Стил 18 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Лоурен Скот, девојката на Мик Џегер, наводно се самоубила заради долговите во кои западнала нејзината модна куќа. Според информациите на „Дејли телеграф“, Скот должела 7,6 милиони американски долари, но таа ниту еднаш за помош не му се обратила ниту на Џегер ниту на некој друг од нејзините познати пријатели. Компанијата Лоурен Ско „ЛД“ со седиште во Велика Британија имала загуби од 5,8 милиони долари и со години била во загуби, а само минатата година минусот се продлабочил за 4,1 милиони долари во однос на 2012 година. Вкупно, Скот која беше пронајдена обесена во нејзиниот стан во Њујорк, должела 7,6 милиони долари, а нејзината фирма не успеала да отплати ниту еден милион долари од долгот минатата година. Имотот на фронтменот на „Ролинг Стоунс“ Мик Џегер се проценува на 330 милиони долари, но наводно Скот со која беше во врска 13 години, била премногу горда за да побара помош од него. Таа во февруари ја откажала ревијата на Лондонската недела на мода под изговор дека има проблеми во продукцијата, но всушност се покажало дека нема доволно пари за да изнајми простор. Заради нејзината смрт, „Ролинг Стоунс“ ја откажаа турнејата во Австралија и Нов Зеланд, која само што требаше да започне со концерт во Перт.