ФОТО: Citroën C-Elysée дојде на македонскиот пазар, видете по каква цена!
Објавено во: Стил 07 Март, 2013 08:55
Во хармонија со димензиите, линиите на Citroën C-Elysée го истакнуваат неговиот карактер на модерна и пространа лимузина со афирмирана елеганција и цврстина, каде технологијата е во служба на удобноста и на издржливоста. Лицето напред импресионира веднаш со големиот хромиран потпис, кој го истакнува атрактивно извајаниот капак на моторот.
Издржливост и перформанси бликаат од неговите широки патови, високата линија на каросерија и од заоблените крила. Целината го истакнува неговото исклучително држење на патот, рекордната внатрешна просторност и огромниот багажен простор.
Спој на издржливост и елеганција, Citroën C-Elysée нуди богата и бројна опрема која допринесува за уживање зад управувачот. За удобно и релаксирано возење, регулаторот и ограничувач на брзина може да се активира при долги патувања.
Ограничувачот на брзината му овозможува на возачот да ја определи брзината која нема да ја надмине. Подесената брзина може да се надмине единствено со продолжено притиснување на педалот за забрзување. Регулаторот ја одржува брзината на возилото без потреба од активирање на педалот за забрзување. Се деактивира автоматски со активирање на сопирачката, на спојката или пак мануелно.
Во град, електричниот серво управувач го поедноставува возењето како и паркирањето. За поголема практичност, далечинското за централизирано заклучување нуди и трето копче за отворање на багажникот. Може да биде опремен со електрика на стакла назад со команди напред. И надворешните ретровизори може да имаат електрично подесување како и греачи.
Citroën C-Elysée претставува одлична инвестиција за клиенти кои бараат рамнотежа помеѓу продажната цена и трошоците за користење на возилото. Citroën C-Elysée се позиционира со атрактивна цена, од 10.490 евра, која е прилагодена на условите на пазарот, не губејќи ништо од перформансите и квалитетот на марката Citroën.
Трошоците на употреба се намалени благодарение на економичните мотори, прилагодениот период на одржување и цврсти, издржливи материјали кои лесно се одржуваат
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





