ДОЛГОВИ НА КАРФУР: Вработените од маркетот во Скопје си ги бараат платите
Објавено во: Економија 08 Февруари, 2016 21:44
Откако хипермаркетот „Карфур” стави клуч на врата во трговскиот центар „Сити Мол”, педесетина вработени се собраа да си ги бараат неисплатените плати.
По затворањето маркетот, сопствениците на компанијата освен на деловните соработници, останале должни и на вработените.
Тие не им имаат исплатено плати и придонеси за ноември, декември и јануари.
Во моментов работниците се уште работат за Карфур и ги празнат рафтовите и магацините од резервите.
Еден од вработените во маркетот, за Вест рече дека најверојатно, за кратко време просторот на 'Карфур' во 'Сити мол' ќе го изнајми компанија која веќе, со супермаркети, е присутна на македонскиот пазар, а ќе ги преземе и вработените.
Меѓу заинтересираните како што дознава Фактор од неофицијални извори била компанијата „Верополус” која ги држи маркетите „Веро”. За нив било прифатливо на истиот простор да отворат маркет, но не под брендот „Карфур”, туку свој маркет.
За просторот на „Карфур” наводно бил заинтересиран и менаџменот на ланецот маркети „Рамстор”, но со истиот план како и „Верополус”.
Засега е незивесно дали некоја од овие две компании ќе отвори свој маркет на местото на „Карфур”, со оглед на тоа дека раководството на Сити мол,како што дознаваме, инсистирало тој што ќе го земе просторот да отвори маркет под брендот „Карфур”.
Инаку, според проценките, "Карфур" им должи големи суми на доставувачите. Стопанската комора побара од Владата да го испита случајот. Повикани се и Управата за јавни приходи и Финансиската полиција, да го испитаат работењето на фирмата.
Можеби ќе ве интересира
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината




