Долгови од милион евра „простиле“кипарските банки на компании и политичари
Објавено во: Свет 30 Март, 2013 10:50
Кипарски банки им „простиле“ долгови на компании и пратеници во износ од милион евра, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Списокот со кипарски компании и политичари, кои имале кредити од милион евра и биле „избришани“ од списоците на должниците на трите кипарски банки, кои се наоѓаат во средиште на банкарската криза на островот, беше предаден на комисијата за етика во Парламентот на земјата, откако беше објавен во грчкиот весник „Етнос“.
Според весникот, Банката на Кипар, Народната банка и Грчката банка им простиле на компании, пратеници и претставници на локалните власти кредити во износ од милиони евра во изминатите пет години.
Во списокот има политичари од сите кипарски партии, со исклучок на Движењето на социјалдемократите -ЕДЕК и Движењето на еколозите -ККО.
Се тврди дека Банката на Кипар „избришала“ кредит од 2,8 милиони евра на хотел, што е поврзан со комунистичката Прогресивна партија на трудот АКЕЛ, која беше на власт до минатиот месец, и значителни делови од други кредити.
Исто така, на извесен пратеник од владејачката центристичка партија Демократски собир ДИСИ, кој зел кредит од 168.000 евра, му било „простено“ плаќањето“ на 101.000 евро, а компанијата на братот на поранешен министер од Демократската партија ДИКО била ослободена од плаќање на 1,28 милиони евра од кредит во износ од 1,59 милиони евра.
Во списокот има и други пратеници, како и градоначалник на важен град, посочува весникот
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




