ДОЛГОВИ СЕ ТРУПААТ: Владата се задолжи повеќе од планираното!
Објавено во: Економија 06 Септември, 2016 16:29
Министерството за финансии денес запиша 34 милиони евра во државни хартии од вредност, иако за враќање доспеваа 29 милиони евра.
Со денешното задолжување ресорното министерство го зголеми јавниот долг за нови 5 милиони евра.
Со реакција се јави Дополнителен заменик министер за финансии Кире Наумов кој обвинува дека министерот Миноски продолжува со трупање на нови долгови.
Наумов укажува дека со секое ново задолжување без негова согласност е незаконско.
„Предупредувам дека ќе ги искористиме сите правни средства што ни стојат на располагање за да го оспориме ваквото незаконско задолжување на товар на граѓаните“, истакнува дополнителниот министер за финансии притоа напоменувајќи деа сите задолжувања што ги прави Владата ќе бидат преиспитани посебно во предизборниот период.
Економијата лази, задолжувањата ударнички?
До крајот на оваа година, вклучувајќи го и денешениот ден на задолжување на домашен терен, Владата планира да спроведе 16 аукциски денови. Имено, уште 16 пати ќе продава државни хартии од вредност, записи и обврзници, преку кои ќе обезбедува пари, кои главно се намаенети за враќање на веќе доспеани обврски кон кредиторите.
Контрола, одговорност и отчетност за задолжувањaта … Според предложениот ребаланс на Буџетот, Владата до крајот на годината планира внатрешното задолжување да остане на исто ниво предвидено со сегашниот буџет од 1,372 милијарди евра, надворешното да се намали, но затоа пак продлабочениот буџетски дефицит ќе го финансира со државните депозити, дел од нив што се планирани и за догодина.
Дел од економистите подолого време алармираат на два фактори кога се анализираат задолжувањата, прво каде завршуваат парите и второ дали темпото на зедолжување е проследено со соодветни стапки на раст на економијата, односно дали и колку задолжувањата придонесуваат кон зголемување на растот.
“Во така изградениот однос кон долгот, власта не ја поколебуваат ниту податоците за значително побрзиот пораст на долгот од растот на БДП што води кон должничко ропство. Отплатата на каматите и главниците во последните три години го надминува растот на БДП. Ланскиот БДП порасна за 3,7%, а износот на ануитетските исплати (камта плус главница) претставуваше 6,23% од БДП. Ануитетската отплата, пак, лани достигна износ од 19,31% од буџетската потрошувачка. Со овие податоци се виде дека не беше случајна трката за емитирање на еврообврзници од половина милијарда евра, од 270 милиони и од 450 милиони евра. Станува очигледно дека без нив, уште лани, не ќе можеа да се задоволат дел од предвидените буџетски потреби“ – пишува во својата колумна економистот Крсте Шајноски.
Растечниот тренд на јавниот долг беше нотиран и во последниот извештај на кредитната агенција “Фич“ која оценката за Македонија од ББ+ ја намали на ББ со негтивен изглед. Во извештајот, аналитичарите го нотираат намалувањето на економсиот раст но и се укажува и на задолжувањата.
“По најновиот ребаланс на буџетот повторно има надминување, односно неостварување на фискалните цели што значајно придонесе за значителен пораст на долгот до 40% од БДП до крајот на 2016 година, од 34% од БДП во 2012 година. И овие показатели се далеку под средната вредност од 51% од БДП, но долгот се очекува да остане на нагорен тренд“- се наведува во оценката на агенцијата која анализира дека растат долгорочните долгови, а цената на новата Еврообврзница ја поврзуваат со ризикот од политичката криза.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




