ДОМА И НА РАБОТА: Колку степени и каков квалитет на воздухот ни се неопходни?
Објавено во: Економија 14 Април, 2016 09:02
Живееме како „врапци“ во добро дихтувани домови, со квалитетни изолации каде воздухот е „блокиран“ во просторијата во која се наоѓаме, каде имаме максимално ограничување на размената на внатрешниот и надворешниот воздух. Според сите анализи ваквиот воздух може да биде позагаден дури и од надворешната средина. Доколку се има во предвид фактот дека ние во просек поминуваме околу 90% од времето внатре во затворените простории, било да се работни или домашни простории повеќе од јасно дека ваквата состојба силно влијае, како врз квалитетот на живот, така и врз продуктивноста на трудот доколку се работи за работни простории.
Ниското ниво на квалитетен чист воздух негативно се одразува врз работоспособноста на секој работник без разлика на која позиција се наоѓа и какви работни задачи извршува. Со разни испитувања научно е докажано дека удобноста и работниот ефект мерен преку продуктивноста, многу зависат од комфорните услови во кои луѓето престојуваат и работат, односно од квалитетот на воздухот во просторијата.
Климатизацијата дава решение на наведените проблеми. Taa посебно станува актуелна за обезбедување на соодветни услови за одвивање на разни технолошки процеси во некои индустриски области, производни погони, складишта и сл. Препорачаната температура и влажноста за одлични работни услови зависат од тоа дали е летна или грејна сезона. Во летна сезона се препорачува тепература од 27°C и 50% влажност, а во грејната сезона тепература од 20°C и влажност од 50%. Оваа температура е пропишана во некои европски земји. За едно лице потребно количество на свеж воздух е од 10 до 20 м3/h зависно од надворешната тепература на воздухот.
До идеална подготовка и дистрибуција на свежиот воздух се стигнува преку изведба на ТРИ поединечни системи, а кои од нив најмногу ќе одговара, зависи од потребите и барањата на корисникот.
Централни воздушни системи за климатизација
Главна компонента на овој систем е клима комората во која се врши централната подготовка на воздухот. Таа зема свеж воздух од надвор и со помош на мешачката комора го меша повратниот воздух, потоа го филтрира, загрева (зимски период) или лади (летен период). Кога ќе заврши целиот тој процес со помош на вентилатор преку потисни канали се уфрла во просториите каде што е потребно. Овие системи најчесто се користат за големи простории.- Централни воздушнo-водени системи Овие системи покрај подготовката на воздухот во клима комората, вршат и дополнително загревање или ладење со помош на топлиноразменувачки тела кои се поставуваат во каналите за дистрибуција на воздухот. Тие можат да се изведуваат во различни варијанти: само за греење, само за ладење со или без клима комора. Постои можност потребите за свеж воздух делумно да се покриваат преку посебен вид на вентилаторски конвектори, природна вентилација и сл.
- Индивидуални и комерцијални клима уреди каде според изведбата како главни се таргетираат моноблок единиците и сплит единиците. Моноблок единиците се изведуваат како прозорски ормари за специјални намени. Предноста на сплит системите е тоа што тие се со мала бучавост и немаат вибрации бидејќи компресорот е сместен надвор, исто така како предност се смета и тоа што на една надворешна единица може да се поврзат пет до девет внатрешни единици и на овој начин се намалува бројот на надворешни единици. Но, монтажата на еден сплит систем е многу посложена и се препорачува да биде изведена од страна на специјално обучено лице.
Со користење на инвертер клима уредите од програмата на Daikin на ICS GRUP се зголемува ефикасноста за 30%, се минимизираат температурните разлики и се намалува потрошувачката на електрична енергија. Климатизацијата со сите овие предности ве ослободуваат од грижата за загревање во текот на ладните зимски денови, ни ги намалуваат обврските околу припремата за грејната сезона и сето тоа го чувствуваме во пониските сметки за електрична енергија.
Климатизерите и познатата инвертер технологија се се поприсутни на пазарот, стануваат поприфатливи од економски и еколошки аспект. Синонимот на оваа технологија - Daikin клима уредите со инвертер технологија веќе сериозно нудат решенија, како до поквалитетен животен простор и обезбедување по продуктивна работна атмосфера.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар






