ДОМА ПРВАТ ФРИЗУРИ, ТОРТИ, ПОПРАВААТ АВТОМОБИЛИ: Kој им го „јаде“ ќарот на легалните занаетчии?
Објавено во: Економија 03 Февруари, 2020 06:59
Занаетчиите кои работат легално се жалат на нелојална конкуренција, затоа што голем број фризери работат во домашни услови. Но, многу луѓе дома подготвуваат торти, колачи, бели пецива и потоа ги продаваат.
На сличен начин функционираат и многу други занаетчиски дејности. Занаетчиите се жалат во инспекторатите, но велат дека е тешко овие луѓе да се санкционираат.
„Toa за нас е голем проблем. Во Велес има повеќе од 10 луѓе кои работат дома, и тоа не само фризури, туку и шминка, прават нокти. Тие работат испод цена, иако и нашите цени се ниски, а со тоа дополнително ни се намалува заработката. Сме реагирале до УЈП, Комора на занаетчии, пред 4-5 години се појавиме и на телевизија за овој проблем, и досега не е направено ништо“, вели фризерка од Велес.
Занаетчиите секојдневно се судруваат со нелојална конкуренција, односно сивата економија која негативно влијае на функционирањето на бизнисите во занаетчискиот сектор, велат од Занаетчиска комора Скопје.
Велат дека работејќи надвор од формалната економија, поединците ги избегнуваат даноците, административните постапки, уплаќањето на социјални придонеси, даночните и трудовите регулативи. Додаваат дека сивата економија штетно влијае на занаетчиските бизниси затоа што ја уништува нивната конкурентност.
Наведуваат дека сивата економија создава незадоволство во занаетчискиот сектор затоа што нелегалниот бизнис кој дејствува без никакви давачки делува слободно без никакви контроли и надзори.
„Сивата економија е во сите занаетчиски гранки особено во занаетчиските услужни дејности: фризери, козметичари, декоративен маникир, масери, градежништво(молери, фасадери, плочкари), електромашинство, преработка на дрво(столари, тапетари, паркетари), автомеханичари и други. Проблемот со сивата економија постои, има законска регулатива за спречување на нелегалното работење и тоа Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, во којшто се прецизирани казните за нерегистрирано работење. Во Законот за занаетчиство исто така се прецизирани казните за вршење занаетчиска дејност без да биде запишан во соодветниот регистар и без занаетчиска дозвола која за вршител на занаетчија изнесува 2.500 евра во денарска противвредност и 30 отсто од одмерената глоба на одговорното лице во правното лице . Глоба во износ од 250 до 375 евра за нерегистрирано вршење на дејност се изрекува на занаетчијата и посебна прекршочна мерка одземање на предмети согласно закон за прекршоци. Но, сивата економија може да се намали и со промоција на занаетчијата како форма на регистрација согласно Законот за занаетчиство и можноста лицето да се регистрира во занаетчискиот регистар како занаетчија со што ќе стане легален бизнис“, вели Анета Атанасовска, од Комора на занаетчии Скопје.
Атанасовска додава дека занаетчиската комора Скопје делува на подобрување на законската регулатива и подигнување на имиџот на занаетчиството и промовирање на можностите на оваа стопанска гранка.
Oд инспекциските служби не дадоа детали, дали и колку од ваквите занаетчии, кои немаат фирми и работат по дома биле казнети.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември




