20 Ноември, 2024
0.0266

Домаќинствата и малите потрошувачи во иднина ќе може да плаќаат струја по променливи тековни цени

Објавено во: Економија 20 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини предлага домаќинствата и малите потрошувачи да можат да купуваат струја според концептот „динамична цена“ наместо да ја плаќаат како фиксна кај универзалниот снабдувач (во случајов ЕВН Хоме).

Според дополнителните и најнови предложени измени на Законот за енергетика, домаќинствата ќе може да купуваат струја од снабдувачи со динамична, односно тековна цена, каква што е во моментот на пазарот.  Бидејќи оваа цена е варијабилна, потрошувачот ќе може да ги користи периодите кога таа е ниска.

Снабдувачот ќе треба да им обезбедува постојани информации на потрошувачите за цената на струјата преку паметни мерни уреди, а своја улога како обезбедувач на информации и контрола ќе има Регулаторната комисија за енергетика.

Од Министерството за енергетика, на нашето прашање колку е веројатно ова да профункционира во пракса и колку време ке биде потребно овој концепт да се воспостави, велат дека оваа можност веќе е започната да се имплементира во некои земји од Европската унија.

- Оваа новина, која почнува да се имплементира во дел од земјите од Европската Унија, ја инкорпорираме и во нашето законодавство како дел од усогласувањето со европските стандарди. Министерството за енергетика смета дека, воведувањето на можноста домаќинствата и малите потрошувачи да склучуваат договори со снабдувачи на електрична енергија по динамична цена, е изводливо и во интерес на граѓаните, бидејќи ова ќе им овозможи флексибилност и оптимизирање на трошоците во согласност со реалната потрошувачка. Искуствата и праксата покажуваат дека потребното време за целосна имплементација зависи од техничките подготовки и договорите со снабдувачите. Што секако ќе биде во координација со потребите на потрошувачите и ќе се развива паралелно со прилагодувањето на потребите на пазарот и техничките капацитети, велат од министерството.

Од таму додаваат дека потрошувачите - во слуачјов домаќинствата и малите потрошувачи, ќе треба да инсталираат посебно броило во договор со снабдувачот за плаќање на електричната енергија по динамична (променлива) цена.

- Во однос на евентуалните трошоци за корисниците, единствениот можен почетен трошок би бил за инсталирање ново броило со опција за далечинско читање. Министерството се стреми да се минимизираат дополнителните трошоци, со цел да го направи овој модел достапен за што поголем број граѓани без дополнителен финансиски товар, гласи одговорот од Министерството за енергетика.

А.К.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Дурмиши: „Новогодишна кошничка“ од 15 декември, трговците сами ќе кажат кои производи ќе поевтинат

Дурмиши: „Новогодишна кошничка“ од 15 декември, трговците сами ќе кажат кои производи ќе поевтинат

ПАДНА ОДЛУКА: Земјите членки на Г20 се договорија за оданочување на богатите - ова се клучните точки од конечната декларација

ПАДНА ОДЛУКА: Земјите членки на Г20 се договорија за оданочување на богатите - ова се клучните точки од конечната декларација

(ВИДЕО) Игор и Дејан Кимовски, сопствениците на „Сетек“ во „Бизнис муабети“: Започнавме со нула денари!

(ВИДЕО) Игор и Дејан Кимовски, сопствениците на „Сетек“ во „Бизнис муабети“: Започнавме со нула денари!

АМЕРИКАНСКИОТ ГИГАНТ СЕ ПОДГОТВУВА ДА ОТПУШТИ 2.500 РАБОТНИЦИ! Се знае до кога ќе останат на платниот список на компанијата

АМЕРИКАНСКИОТ ГИГАНТ СЕ ПОДГОТВУВА ДА ОТПУШТИ 2.500 РАБОТНИЦИ! Се знае до кога ќе останат на платниот список на компанијата

ГИ ГУБИМЕ И НЕВРАБОТЕНИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ – од година во година се помалку луѓе работат и бараат работа во Македонија

ГИ ГУБИМЕ И НЕВРАБОТЕНИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ – од година во година се помалку луѓе работат и бараат работа во Македонија

ЕВЕ ЈА ПРОГНОЗАТА ЗА 2025: „Економист“ го претстави „светот што доаѓа“

ЕВЕ ЈА ПРОГНОЗАТА ЗА 2025: „Економист“ го претстави „светот што доаѓа“

ПАТ НИЗ СВЕТОТ СО НАЈЛУКСУЗНИОТ ВОЗ: Вака ќе изгледаат 59 дена на шините низ четири континенти, 12 земји и повеќе од 20 градови

ПАТ НИЗ СВЕТОТ СО НАЈЛУКСУЗНИОТ ВОЗ: Вака ќе изгледаат 59 дена на шините низ четири континенти, 12 земји и повеќе од 20 градови

ВТОР ДЕН ПО РЕД: Се зголемува цената на златото поради тензиите меѓу САД и Русија

ВТОР ДЕН ПО РЕД: Се зголемува цената на златото поради тензиите меѓу САД и Русија

Димитриеска-Кочоска: Владата не ја плаќа каматата на компаниите, целта е компаниите да добијат поевтини кредити од оние што во моментот се нудат од деловните банки

Димитриеска-Кочоска: Владата не ја плаќа каматата на компаниите, целта е компаниите да добијат поевтини кредити од оние што во моментот се нудат од деловните банки