ДОМАЌИНСТВАТА КАСКААТ СО ВРАЌАЊЕ НА КРЕДИТИТЕ, ПОТРОШУВАЧКИТЕ НАЈРИЗИЧНИ: благ раст на нефункционалните заеми
Објавено во: Финансии 21 Октомври, 2024 07:35
Раст од 4,2 проценти на нефункционалните кредити во вториот квартал од 2024 година евидентираа банкарите. Во последниот „Извештај за ризиците во банкарскиот систем на Македонија“ изработен од Народната банка се нагласува дека иако има раст од 4,2 проценти, тој е далеку понизок во споредба со претходниот квартал кога растот на нефункционалните кредити достигнал 11,5 проценти.
- Нефункционалните кредити се зголемија повеќе кај домаќинствата, со раст од 10,7 отсто, и со минимален раст од 0,2 проценти кај претпријатијата. Кај секторот „домаќинства“, главен двигател на растот на нефункционалните кредити се потрошувачките кредити – пишува во извештајот.
Од НБ посочуваат дека стапката на нефункционални кредити, по зголемувањето претходниот квартал кое се должи на регулаторни промени, повторно е на историскиот минимум кај претпријатијата и достигнува 3,7 проценти. Кај домаќинствата, нефункционалните кредити пораснале за 0,2 процентни поена и сега достигнуваат 2,5 отсто. За вкупниот нефинансиски сектор, стапката на нефункционални кредити остана иста во овој квартал, 3,1 процент.
- Ризиците од ненаплата на целиот износ на идентификуваните нефункционални кредити се ограничени, поради висока покриеност со исправка на вредноста за очекуваните кредитни загуби. Учеството на нерезервираниот дел од нефункционалните кредити е стабилно на нивото од 5 отсто од сопствените средства. Покриеноста на редовните кредити со исправка на вредноста за очекуваните кредитни загуби се задржа на истото ниво или 2,2 проценти – објаснуваат банкарите.
Во извештајот се посочува дека пролонгираните и реструктурираните кредити се намалиле во вториот квартал од 2024 година и имаат мали учества во вкупните кредити или поточно 3,7 отсто и 1,6 проценти. Поради ваквата поставеност, тие не претставуваат ризик за идно влошување на квалитетот на кредитното портфолио.
Дополнително, банкарите истакнуваат дека и резултатите од стрес-тест симулациите за кредитниот ризик ја потврдуваат отпорноста на банкарскиот сектор.
- Неизвесностите од нестабилното окружување и затегнатата монетарната политика, упатуваат на потребата од натамошна зголемена претпазливост на банките во управувањето со кредитниот ризик – потенцираат од НБРМ.
Од централната банка објаснуваа оти по првиот ефект од регулаторните промени и растот на нефункционалните кредити во првиот квартал од 2024 година за 11,5 отсто или 1.403 милиони денари, во вториот квартал растот на нефункционалните кредити на нефинансискиот сектор забави и изнесува 4,2 отсто или 568 милиони денари. Притоа појаснуваат дека зголемувањето на нефункционалните кредити произлезе од домаќинствата, а незначителен придонес имал и корпоративниот сектор.
- Нефункционалното кредитно портфолио на корпоративниот сектор се зголеми за 18 милиони денари, односно за 0,2 отсто. Позначително зголемување на нефункционалните кредити во вториот квартал од годината се забележува кај „градежништвото и дејностите во врска со недвижен имот“ кое изнесува 341 милион денари, или 28,9 отсто, во чии рамки најголем придонес имаше растот на нефункционалните кредити на „дејностите во врска со недвижен имот“ кој изнесува 326 милиони денари, и тоа во најголем дел од една компанија – појаснуваат банкарите.
Нефункционалните кредити на домаќинствата се зголемија во вториот квартал од 2024 година за 559 милиони денари. Сепак, тоа е побавно отколку во претходниот квартал кога пораснаа за 24,2 проценти или за 1.022 милиони денари. Според намената на кредитите, 93 од кварталниот раст на нефункционалните кредити на домаќинствата се должи на потрошувачките кредити, коишто сè уште бележат двоцифрен раст од 13,4 проценти или за 520 милиони денари. Во првиот квартал овие нефункционални кредити се зголемиле за 784 милиони денари.
- Кај нефункционалните станбени кредити има раст од 34 милиони денари, или за 5,7 проценти. Кварталниот раст на нефункционалните кредити кај дозволените пречекорувања на платежните сметки и кредитите врз основа на кредитни картички се задржа на истото ниво од 3,9 отсто. И покрај ваквите промени кај нефункционалните кредити, при забрзан раст на кредитната активност на банките, вкупната стапка на нефункционалните кредити се задржа на нивото од 3,1 проценти – се наведува во соопштението на НБРМ.
Стапката на нефункционалните кредити е најниска кај станбените кредити и изнесува 0,7 проценти. Покриеноста на кредитите со исправка на вредноста за очекуваните кредитни загуби се задржа на слично ниво како и претходно. Банките и натаму издвојуваат повисок износ на исправка на вредноста во однос на остварените стапки на премин кај претпријатијата, што е показател за нивните согледувања за повисоките ризици од пласманите кон претпријатијата отколку кон домаќинствата.
- Високата покриеност на нефункционалните кредити со исправка на вредностa ги намалува негативните ефекти врз солвентноста на банките при претпоставена целосна ненаплата на овие кредити, односно го ограничува обемот на неочекувани кредитни загуби врз оваа основа. Покриеноста на нефункционалните кредити со издвоена исправка на вредноста за овие кредити (63,7 отсто), што е зголемување за 0,3 п.п. во однос на првиот квартал од 2024 година. Нерезервираниот износ на нефункционалните кредити и натаму е низок и стабилен на ниво од 5 проценти од сопствените средства на банкарскиот систем. Оттука, дури и при екстремна претпоставка за целосна ненаплатливост на нефункционалните кредити, не би била загрозена солвентноста на банкарскиот систем – потенцираат банкарите.
П.О.
Фото: Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





