17 Мај, 2024
0.0278

Домашните градежници бараат од „колачот“ за новиот Клинички центар

Објавено во: Економија 27 Септември, 2019

Добивај вести на Viber


И домашните градежни компании треба да се офајдат од изградбата на новиот Клинички центар, а не тој голем финансиски колач да им се дава само на странците, побара од власта Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање. Според нив, ако овој „мрсен“ тендер се додели на фирма од земјава, од него корист ќе имаат македонските граѓани. Нашите фирми, сметаат од градежниот синдикат, имаат и капацитет и ресурси да изградат вакви објекти.

„Гранит“ и „Бетон“ во минатото граделе објекти од овој тип. Неприфатливо е проектот да биде даден на компанија надвор од државата, а градежните работници овде да останат без работа“, изјавија од Синдикатот.

За градежниот синдикат, не се прифатливи условите кои ги поставуваат Владата и Министерството за здравство, како што е оној компанијата која ќе конкурира на тендерот да има изградено таков или сличен објект во последните 10 години, како и компанијата да мора да приложи депозит од дури 250 милиони евра. За нашите градежни компании, велат, тоа е голема сума, која тие не можат да ја исполнат.

Неофицијални информации на синдикатот говорат дека се планира градежните компании од земјава да бидат заобиколени, бидејќи не ги исполнувале условите.

Не треба тенденциозно да се прави тендер, за одредена компанија да ги исполни условите. Треба да бидат реални барањата во тендерите, а не баснословни суми. Нашите компании граделе надвор од државата и изградиле болници и клиники. Не е изводливо капитална инвестиција да ја дадеме на странска компанија. Треба да се даде на наша компанија и тука да останат парите“, предупредуваат од градежниот синдикат.

Изградбата на оваа голема инвестиција треба да стартува следната година, а се проценува дека сумата на тој голем објект ќе тежи 500 милиони евра. Новиот клинички центар ќе се гради во населбата Бардовци во близина на Психијатриската болница.


Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија