15 Мај, 2024
0.0268

Домашните компании се подготвени да инвестираат и во криза: Анализа на ФИТР

Објавено во: Економија 22 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Домашните компании се подготвени да започнат со инвестииции во време на актуелната криза, покажала анкетата на Фондот за иновации и технолошки развој. Според тие кои одговориле потврдно вакво прилагодување им е неопходно за опоравување и понатамошно функционирање. Над 50 проценти од компаниите сметаат дека моментот за вложување е соодветен, додека само за 13 отсто е се уште рано да се влезе во нов инвестициски циклус.

 ФИТР ја спроведе анкетата - прашалник во периодот од 24 јули до 19 август, на кој одговориле 256 домашни компании. Од нив во најголем дел се микро 57 проценти (145)  и мали 31 отсто (79), но свој придонес дале и 10 проценти (26) средни и 2 отстоп (6) големи претпријатија. 

Во однос на износот на финансиска поддршка, 40 отсто од вкупниот број компании сметаат дека е доволна за инвестиции во фазата на опоравување што е особено изразено кај средните (73 проценти) и малите претпријатија (68%), како и дека процентот на ко-финансирање е соодветен 58%. 29% пак сметаат дека треба да се зголеми. Според сегашните услови, со овој инструмент финансиската поддршка е структурирана по големина на компанијата и тоа до 750.000 илјади денари за микро, 1.5 милиони денари за мали и до 3 милиони денари за компании со средна големина и не може да надмине 70% од вкупниот буџет на инвестицијата. Останатите 30% се средства кои ги обезбедуваат самите компании.


„Анкетата покажа еден интересен податок дека високи 74% компаниите кои учествуваа во анкетата, не користат друг вид на државна помош, а само 26% користат и тоа во најголем дел субвенции за минимална плата, 69%, 16% користат бескаматен кредит, а само 9% односно 5 компании се корисници на средства на ФИТР.  Голем дел, односно 44% сметаат дека процесот на аплицирање е јасен и едноставен, додека само 8% се соочиле со суштински проблеми при пополнување на формуларот.За 40% од компаниите критериумите за евалуација се соодветни, додека 25% сметаат дека со нив се фаворизитаат одредени индустрии. Тие меѓу другото предлагаат и поширок опсег на активности кои се финансираат како и фокус на компаии чии проекти ја подобруваат животната средина. 16% пак не веруваат во објективноста на доделување на поддршката, стои во известувањето од ФИТР.

На прашањето како го оценуваат новововедениот механизам за поврат на средствата компаниите имаат различни ставови и тоа: 19% сметаат дека овој механизам е добар, но дека процентот на поврат треба да се намали, додека поголемиот дел од 29% сметаат дека основот за поврат на средствата треба да биде преметан од приходите остварени од проектот а не пресметан на база на остварени приходи на  ниво на претпријатие.
За потсетување, со овој механизам средствата се доделуваат со поврат од 15% од бруто добивката остварена во првите три години по завршување на проектот

Самиот прашалник на анкетираните правни субјекти им остави можност за нивни идеи и предлози, а како најзначаен се издвои предлогот за подобрување на овој процес каде дел од  компаниите предложија ФИТР сам да ја обезбедува документацијата од државните институции како и онлајн обуки и туторијали за аплицирање

Резултатите од оваа анализа и препораките на домашните компании се можност за нивен директен придонес во креирањето на условите за вториот циклус што Фондот планира да го реализира веднаш по завршување на тековниот. Тие ќе бидат вклучени во инструментот за поддршка за економско заздравување, кој во моментов е во фаза на адаптација.

Инаку за реализација на втор и следни циклуси на јавни повици за економско заздравување Фондот иницира дополнителни средства од Владата, над веќе обезбедените 200 милиони денари, од кои поголем дел ќе бидат искористени уште со првиот циклус.


Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?