27 Април, 2024
0.0284

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

Објавено во: Економија, Македонија 29 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Продолжува трендот на намалување на домашното производство на млеко, а се намалува и бројноста на говедата и овците кои се одгледуваат во нашата земја.

Ова го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, кои утврдиле дека производството на млеко од крави во 2023 година се намалило за повеќе од 25 проценти, додека бројот на говедата во Македонија се намалил за скоро десет проценти во споредба со 2022 година. 

За разлика од говедата и овците кај свињите, козите и живината има пораст на бројноста на пребројаните примероци. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, во споредба со 2022 година, вкупниот број на говеда е намален за 9,7 проценти. Намалување на бројот на говедата е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства, a кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е забележано зголемување - пишува во анализата на ДЗС.

Од друга страна бројот на свињите во 2023 година, во споредба со 2022 година, е зголемен за 5,9 проценти, а зголемување на бројната состојба е забележано во двата сектори.

Но, вкупниот број на овци во 2023 година бележи пад од 9,2 отсто.

Додека пак, во истиот период, бројот на козите бележи пораст за 6,7 проценти.

Зголемување има и кај бројот на живината во 2023 година, во споредба со претходната година, каде растот е 11,8 проценти.

Статистичарите исто така утврдиле дека има намалување и кај домашното производство на продукти од млеко. 

Па така, според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2023 година изнесува 238.328 илјади литри, што е за 26,5 проценти помалку во однос на 2022 година.

- Намалување на производството е забележано и кај овчото млеко, и тоа за 20,5 отсто во 2023 година во однос на претходната година.

Производството на козјо млеко е зголемено за 3,3 проценти споредено со претходната година. Вкупното производство на месо е намалено за 7,4 отсто - пишува во извештајот ДЗС.

Од другите добиточни производи, во 2023, во однос на 2022 година, забележано е зголемено производство на јајца и намалено производство на волна.


Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба