20 Декември, 2025
0.0392

Домот е повеќе од обичен физички простор. Осигурете го!

Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2023 11:04

Добивај вести на Viber

Домот е посебно место што има уникатно значење за секој поединец. Место што е повеќе од обичен физички простор, многу повеќе простор каде што се чувствуваме безбедно, удобно и слободно да бидеме свои, автентични. Домот е одразот на внатрешното јас и животот што избираме да си го создадеме. Тука се опкружуваме со нештата и луѓето што ги сакаме. Независно дали се работи за стан или куќа, љубовта и грижата што се вложуваат во домот е она што е најважно.

Но, за жал се уште има граѓани кои откако ќе им се опожари станот, кога ќе настане поплава, или ќе им се случи кражба, знаат да кажат "зошто не го осигурав домот" станувајќи свесни колку всушност домот им значи.

Осигурувањето на домот нема да го заштити само нашиот дом, ги заштитува нашите емоции, спомени, ја обезбедува нашата сигурност и безбедност, нешто можеби најважно во денешно време. Ги заштитува сите предмети во домот!

Домот е место каде што од срце се смееме и плачеме, место каде што ги споделуваме животите со нашите најмили и најсакани. Каде можеме да се повлечеме од светот и да најдеме мир во себе. Каде што ќе најдеме згрижувалиште по долги и напорни денови, онаму каде што се полниме со енергија и се подготвуваме за предизвиците што ни претстојат.

Ако сеуште се прашувате зошто е важно осигурувањето на домот, одговорот е краток тоа обезбедува компензација за нашите евентуални загуби. Особено е важно во случај на штети поради непредвидливи фактори како што се природни катастрофи како земјотреси, бури, поплави итн. Неизвесни настани кои не можат да се предвидат. Загуби кои може да настанат и од кражба, излевање на вода, кршење, пожар,  експлозија и други ризици кои се вклучени во Кроација домаќинското осигурување.

Надоместокот добиен од Кроација полисата за осигурување на домот може да се користи за обнова, за поправки и за надополнување на предметите од куќата. Така што со оглед на тоа дека постои веројатност за настанување на штета, има смисла да се инвестира во Осигурување на домот.

Со осигурувањето на домот добиваме надомест за настанатата штета, како и за предметите во домот.

Кроација полисата за осигурување на домот е една од најприфатливите полиси за осигурување. Претставува мала инвестиција која ќе го заштити вашиот дом од загуби. Постојат неколку основни пакети зависно што се покрива.  Важно е да ја изберете најдобрата полиса за осигурување според сопствените потреби и карактеристики на вашиот дом.

https://web.crosig.mk/portfolio/domakinsko-osiguruvanje/

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии