10 Јануари, 2025
0.0268

ДОНЕ ТАНЕВСКИ ПОВЕЌЕ ДА НЕ БИДЕ ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - вонредно собрание, ќе се отповикуваат старите и ќе се бираат нови членови, но кои, засега е тајна

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

„Скопски пазар“, компанијата која од неодамна е најголем поединечен акционер во „Македонијатурист“ сака да ги отповика претходните членови на Надзорниот одбор на ова хотелиерско акционерско друштво, меѓу кои и некогашниот долгогодишен директор Доне Таневски, кој ги продаде сите свои акции и излезе од сопственичката структура. 

Скопски пазар бара да се одржи вонредна седница на Собранието на акционери, на 17 февруари годинава, на која како точки на дневниот ред е ставено гласање за одлука за отповикување на членови на Надзорен одбор на Македонијатурист, како и избор на нови членови. 

„Собранието на акционери ги отповикува следните членови на Надзорниот одбор на друштвото: г-дин Доне Таневски, г-ѓа Верица Хаџи Василева-Марковска, г-дин Владо Богдановски, и г-дин Ѓорѓи Јанчевски. Се овластува друштвото да поднесе пријава за бришење на отповиканите членови на Надзорниот одбор од трговскиот регистар при Централниот Регистар на Република Северна Македонија“, се вели во предлог одлуката за која треба да гласаат акционерите, а која би влегла на сила со денот на нејзиното донесување. 

Акционерите потоа треба да гласаат за избор на нови членови на Надзорниот одбор, но кои ќе бидат тие засега останува мистерија, бидејќи не се наведени во предлог одлуката, туку за нивните имиња се оставени празни места.  

Само се знае дека ќе бидат избрани четворица нови членови на Надзорниот одмор, од кои еден ќе биде независен член, како и дека нивниот мандат ќе трае шест години. За нив ќе се определи одреден паричен надомест, но засега и висината на тој надомест останува тајна. 

„Собранието на акционери на Друштвото на својата седница одржана на ден 17.02.2025 година ја донесе следната Одлука за избор на членови на Надзорен одбор на Друштвото и определување надоместок на членовите на Надзорниот одбор. Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае шест години Член. За членовите на Надзорниот одбор се определува надомест во висина од __________ денари. Се овластува друштвото да поднесе пријава за упис на избраните членови на Надзорниот одбор во трговскиот регистар при Централен Регистар“, се вели во таа предлог одлука. 

Инаку, овој јавен повик за одржување на вонредната седница се свикува по барање на Скопски пазар, а ќе се одржи во деловните простории на друштвото на 17 февруари. 

Согласно Законот за трговски друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 отсто од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред. Акционерите можат да достават предлози за вклучување на нови точки во дневниот ред, предлози на одлуките и прашања најдоцна во рок од осум дена од денот на објава на јавниот повик за одржување на седницата.

Според најновата состојба на централниот депозитар, Скопски пазар располага со 19,73 отсто од акционерскиот капитал на таа хотелиерска компанија, потоа Промедика поседува 11,89 отсто, М.Г. Фешн е исто така значаен акционер со 11,26 отсто од акционерскиот капитал, 10,47 отсто има акционерот Симеон Павлов, потоа со 10 отсто располага самата компанија кои ги држи како сопствени акции, и 6,23 отсто поседува „Чеза комерц, Симеон, Роберт и Виктор ДОО“.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КУБА ИЗНАЈМИ ЗЕМЈИШТЕ НА ВИЕТНАМСКА КОМПАНИЈА: Што ќе одгледуваат?

КУБА ИЗНАЈМИ ЗЕМЈИШТЕ НА ВИЕТНАМСКА КОМПАНИЈА: Што ќе одгледуваат?

ЕСМ: Топланите продолжуваат да работат на природен гас, набавката на мазут е законска обврска

ЕСМ: Топланите продолжуваат да работат на природен гас, набавката на мазут е законска обврска

(ВИДЕО) Коце Трајановски: Инсистиравме на промена на дел од раководството на „Штрабаг“ за побргу да го завршиме патот

(ВИДЕО) Коце Трајановски: Инсистиравме на промена на дел од раководството на „Штрабаг“ за побргу да го завршиме патот

ПОВЕЌЕ РАБОТНИ ДОЗВОЛИ ЗА НЕПАЛЦИТЕ И ФИЛИПИНЦИТЕ ОД БИХ И КОСОВО: Во Хрватска уште високо котираат Македонците

ПОВЕЌЕ РАБОТНИ ДОЗВОЛИ ЗА НЕПАЛЦИТЕ И ФИЛИПИНЦИТЕ ОД БИХ И КОСОВО: Во Хрватска уште високо котираат Македонците

Економијата контра политиката, цвета трговијата со Бугарија! Колкав е македонскиот извоз и колку потрошивме за увоз на стоки од Бугарија?

Економијата контра политиката, цвета трговијата со Бугарија! Колкав е македонскиот извоз и колку потрошивме за увоз на стоки од Бугарија?

МЕРКИТЕ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ИМААТ САМО КРАТКОРОЧЕН ЕФЕКТ - „Фајненс тинк“ со посебно истражување - да се применуваат законите

МЕРКИТЕ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ИМААТ САМО КРАТКОРОЧЕН ЕФЕКТ - „Фајненс тинк“ со посебно истражување - да се применуваат законите

ПРОДАЖБАТА ДОМА СЕ ЗГОЛЕМИЛА ЗА 48 ОТСТО, А ВО СТРАНСТВО ЗА 18 ПРОЦЕНТИ - еве како работеше „Реплек“ во минатата година

ПРОДАЖБАТА ДОМА СЕ ЗГОЛЕМИЛА ЗА 48 ОТСТО, А ВО СТРАНСТВО ЗА 18 ПРОЦЕНТИ - еве како работеше „Реплек“ во минатата година

(ВИДЕО) Коце Трајановски: Само годинава 8 милиони евра ќе платиме за надзорот на автопатите

(ВИДЕО) Коце Трајановски: Само годинава 8 милиони евра ќе платиме за надзорот на автопатите

„ПРВАТА ФАЗА ОД ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА Е ПРИ КРАЈ И МНОГУ БРЗО ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА“: Николоски ги кажа најновите информации за сите инфраструктурни проекти

„ПРВАТА ФАЗА ОД ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА Е ПРИ КРАЈ И МНОГУ БРЗО ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА“: Николоски ги кажа најновите информации за сите инфраструктурни проекти