ДОСЕГА НЕПРОЧИТАН: Животен хороскоп за секој знак!
Објавено во: Општо 01 Септември, 2016
ОВЕН
Жената родена под овој знак е темпераментна и друштвена. Не поминува низ животот со затворени очи и за све се интересира. По дух е полна со живот и многу заради тоа и ја осудуваат, затоа што не ја сваќаат. Поради својата динамичност се истакнува како добар раководилец. Своите одлуки ги донесува одлучно и брзо. Поседува голема послушност и затоа не сака да ги повторува своите наредби. Ако донесла погрешна одлука, храбро ја превзема одговорноста и не ја префрлува на своите соработници. Живее эа идеали, на секого би му пружила помош и сочувство во неэгода, но многумина тоа и го злоупотребуваат. Во лутина е нагла и многу пати губи контрола. Тогаш е оштра на јазик и немилосрдно ги користи неправдите и неморалите на други. Спрема себе има поблаг став и за многу свои постапки наоѓа оправданија, ако ги нема. Уверена е дека жените се поспособни од мажите. Ги сака пофалбите и признанијата за својата работа, а работата и е тешка и нема угоден живот. Ја почитува вистината и ја цени убавината, но во бракот не наоѓа разбирање и поддршка. Ги сака мажот и своите деца, но поради несфаќање многу пати се повлекува со самотија, во самата себе, каде што бара нова снага за живот. Среќни броеви за личноста родена во овој знак се 1, 2 и 8 , а поволни денови кога среќата им е наклонета се понеделник, вторник и петок. На овните им припаѓа црвената боја. Многу познати личности се родени во знакот на Овен.Машките родени во знакот на Овен полни се со живот и животна снага. Тоа се личности полни со акција, енергично и храбро реагирање. Се истакнуваат со мажественост и отвореност. Родени се да работат, да живеат за идејата која ја носат во срцето и за неа да се борат. Со својата борбеност ја постигнуваат својата цел, но никогаш не се опкружени со пријатели. Ги совладуваат сите потешкотии во животот, кои и многу ги имаат. Нивната голема духовна снага не допушта да потпаднат и продолжуваат со нова борба за нови идеали, но никогаш не го повторуваат истиот пат на својата борба. Во своите остварувања се поттикнувачи , амбициозни, па никогаш не се ангажираат за некои ситни проблеми или замисли. Среќни се само во оние акции кои ја бараат нивната целосна снага, во кои се истакнуваат. Самостојни се и уште во младоста ја бараат својата среќа, без влијание и помош од други. Повеќето рано се ослободуваат од влијанието на родителите. Парите многу ги ценат, но тешко доаѓаат до нив. Тие би работеле све, доколку има заработка. Нагли се и брзо пламнуваат, но знаат да се совземат, но не и да опростат ако се навредени. Горди се и кога ги бранат своите гледишта имаат достоинствен став. Попрво би пропаднале отколку да отстапат од своите идеи. Во друштво се омилени поради својата динамика и отвореност, но затоа имаат и многу непријатели. Поседуваат голема склоност за интелектуална работа. Добри се говорници . Сакаат забава и друштво, но имаат свој суд за бирање на друштвото. Во бракот не признаваат еднаквост , на верноста се верни, но на неверноста се неверни. Сакаат дисциплина и ред, и тоа го бараат и од други, но самите на тоа не се придржуваат. Никогаш не се сиромашни, но не и богати. Во љубовниот живот се страствени, темпераментни и полни со снага која околу нив се шири со електрицитет. Нивните чувства ги искажуваат низ големи осцилации. Сакаат со целата душа, но тоа трае многу кратко. Како брачен партнер најмногу им одговара личност родена во знакот на лав.
БИК
Мажите родени во овој знак се динамични и енергични. Полни се со енергија која неконтролирано ја расфрлаат. Ја сака онаа работа која овозможува натпреварување, затоа што сака да победува, но до тие победи да не се доаѓа на тежок начин. Голем е практичар, снаодлив во решавање на проблемите. Неговата девиза е »целта ги оправдува средствата«. Не греши, но кога греши, тоа е планирано. Не постои замисла која не би можеле да ја остварат и во тоа не им е потребна туѓа помош, но не се впушта во работи за кои не е сигурен дека се возможни. Во работата е тврдоглав и не прифаќа туѓи уверувања. Повеќе ги води нивниот инстинкт, кој како некоја необјаснива врска со природата ги упатува на најдобрите решенија, така да некогаш незнаат ни самите да го објаснат достигот на својот успех. Во животот постигнуваат успех, но пријателите со кои е секогаш опкружен, кога ќе ја постигнат својата цел, им ја однесуваат главната материјална корист. Иако тоа го согледува, тешко го раскинува пријателството и секогаш ги оправдува постапките на пријателите. Несреќен е кога не го сакаат. На увредите е многу осетлив и поради својата гордост често се препира со другите. Луѓето ги отценува према успехот што го постигнале во друштвото. Го сака друштвото на интелектуалци и ужива во разговори за науката и уметноста. Сексот ги привлекува од радозналост и во љубовта се променливи. Бракот го издвојува од авантурата, кои се секогаш краткотрајни. Фамилијата и домот е негова држава, во која сака да владее, каде што угодно се осеќа , но не е владар. Во бракот гледа среќа и бара вечна љубов. Осетлив е и нежен, полн со чувствителност и почитување на спротивниот пол, но ако постои и најмало оправдување, постанува љубоморен тиранин. Љубовта му е страсна , но љубомората по својата големина и жар надвладува. Прилагодлив е кон брачниот партнер, па како животен пратеник му одговараат личностите родени во знакот на јарец, риби, рак, девица или шкорпија. Животот му е долг, и дури на старост се обогатува, иако тоа богатство не му причинува среќа.
Жената родена во овој знак, се истакнува како личност свесна за својата снага и јакост. Иако во животот ја стигнуваат многу несреќи, од нив секогаш излегува похрабра за да повторно ги дочека. Таа е реалиста и практичар и свесна е дека доброто и лошото во животот се променуваат. Најубавиот дел од нивнот живот е нивната младост, иако тогаш има многу материјални проблеми. Ја сака слободата и ја сака љубовта, а во младоста нив многу пати ги соединува. Подоцна влегува во брак, но бракот за неа е светост. Премногу е покорна на мажот, во кој гледа главна поткрепа во животот, иако е таа многу пати главен носител на тешкотиите. Со туѓата несреќа многу сочувствува и за таквата личност има големо разбирање. За многу е доброчинител. Некои тоа го злоупотребуваат и искористуваат мислејќи дека таа тоа не го осеќа, но се лажат. Нејзината доброта е толку голема, што тоа и не се открива. Без нејзината помош и подршка не би имало напредок. Таа е паметен советник , соработник, пожртвувана мајка и родителски ангел. Дава све од себе, но и све бара. Свесна е на должноста која ја обавува. Посебно ги цени парите, а ги бара и во игрите на среќа, но без голем успех. Брзо се лути и тогаш е спремна за оштра кавга. Ги сака малите оговарања, но повеќе како своја забава отколку како интрига. Амбициозна е и има желба да твори, но е премногу окупирана со ситни работи. Се плаши од сиромаштија. Во втората половина од животот стекнува солидна материјална основа. Броеви кои донесуваат среќа на личностите во овој знак се: 4, 5 и 9. Среќата им е најмногу наклонета во вторник и петок. Нивната боја е зелена.
БЛИЗНАЦИ
Жената родена во овој знак, убава е и полна со женственост. Со својата нежност и љубезност освојува све околу себе и каде и да оди, сите ја сакаат. По својата душа е уметник, природно е интелигентна и сака све што е убаво. Поради својата остроумност и блескав дух се истакнува како советник кој е секогаш добро да се послуша. Во младоста премногу живее за друштво, а се снаоѓа во секое друштво и друштвото ја обожава, но и искористува. Со себе носи љубов која се гледа и осеќа во секој нејзин потег и дел. За неа може да се рече дека е светлост која вечно зрачи. Не знае да каже не, кога нешто ја молат, иако молбата е неоправдана. Поради тоа и многу пати и се одрекува од најпотребните работи за живот. Најголем успех во животот постигнува ако се посвети на уметноста, но и во секоја нејзина работа се осеќа нејзината чувствителност. Педантна е и уредна во секоја работа, а нејзиниот дом е нејзината гордост. Многу се ангажира во работата, работата и оди од рака, но и заработката од работата исто така и заминува брзо од рака. Премногу нагла е во одлуките, кои ги анализира кога е веќе све готово. Тоа и донесува многу грижи и тешкотии. Особено мора да пази кон стапување во брак, затоа што не се мажи од идеали или младелачка љубов. Среќните броеви за личностите родени во знакот на близнаци се: 5, 6 и 8, а нивните поволни денови се среда, петок и недела. Бојата на близнаците е сива.
Машките родени во знакот на близнаци е племенит по душа и има добро тело. Неговата врата е секогаш отворена за секого на кој му треба помош. Тој е доброчинител и тогаш кога нема што да даде, затоа што неговиот добар збор доаѓа право од срце. Тој е мисловен маж, полн со дух кој истражува и лута. Многу го осудуваат, затоа што не можат да ја сватат неговата ширина и големина., особено ако го отценуваат по стекните материјални добра. Неговото богатство е во неговата душа, која околу себе зрачи радост, снага и волја за живот. Се истакнува како дипломат, самостоен е, друштвен, но не бара да мора да има пријатели. Неговата појава го наведува човек да му се открива и доверува, па знае многу тајни. Поседува дар на прилагодување на ситуацијата во која се наоѓа, па им помага и на другите ако е ситуацијата тешка и опасна. Воопшто, ако некому е потребна помош, во него секогаш ќе најде. Во разговор е секогаш прв, затоа што е добар говорник, свесен и итар. Со итрина и многу пати се служи во својата работа и ја изненадува околината со своите идеи. Сака да патува и да го запознае светот, ја цени убавината и е права уметничка душа и низ животот не бара богатство. Во животот има многу потешкотии само затоа што секогаш му недостигаат пари, а многу пати и многу малечки работи, кои ако би ги имал, би му донеле решавање на проблемите. Во секое друштво се осеќа како да е дома, но нигде не се врзува. Ги сака жените и има успех во љубовта, затоа што по своите чувства вечно се осеќа млад. Тактичен е и знае да управува со своите владеења и желби. Љубовта ја прима како дар на природата. Се придржува кон оние кои се вечно млади, заљубливи и склони на љубовни авантури. Ако во една авантура нема успех, брзо бара друга. Ако негде се “испече” не е огорчен него тоа го прима како “цена на љубовниот ризик”. Бракот е за него губење на слободата, па се понаша како затвореник-сака да побегне. Треба како таков да се прифати и свати. Најголемо разбирање наоѓа кај жената родена под истиот знак. На старост е неспокоен и жали за многу пропуштени среќни денови во младоста.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.