19 Декември, 2025
0.2937

ДОСИЕ Березовски: Побегна од канџите на Путин, но смртта го стигна во Лондон!

Објавено во: Свет 23 Март, 2013 23:40

Добивај вести на Viber

Почина еден од најпознатите руски олигарси Борис Березовски, на 67-годишна возраст во Лондон каде што живееше изминатите 13 години. Пронајден е во када во својот дом, се претпоставува дека станува збор за инфаркт, но не е исклучена можноста за самоубиство. Веста за неговата смрт ја објави неговиот зет Јегор Шопе на Фејсбук.

Богатствота на Березовски почнало да расте во деведесеттите, за време на советската ера за во 1993 година да се процени на 250 милиони долари. Парите ги заработил преку продажбата на Мерцедес автомобили што ги увезувал, како и прадавање на руски автомобили. Тој подоцна станува мнозински сопственик на „Сибњефта“ и еден од руските телевизиски канали. Тој беше првиот милијардер во пост-советска Русија. За него е напишана книгата „Кумот на Кремљ". Неговото богатство во 1997-ма  се проценува на три милијарди долари. Тогаш се најде и на 104-то место на светската листа на милијардери. Подоцна станува и заменик-секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација, иако поседувал и пасош на Израел. Березовски имаше значајна улога во финансирањето и доагањето на власт на претседателот Борис Елцин, а има преживеано и неколку атентати. Путин дојде на власт, Березовски бега од Русија Со доаѓањето на Владимир Путин на чело на Русија, почнува конфликтот со олигарсите. Березовски бега во Лондон во 2000 година, а три години подоцна добива и политички азил. Во отсуство е осуден од рускиот суд на казна затвор од 19 години за измама, перење пари и обид за насилно преземање на власта. Тој беше еден од најгласните критичари на режимот на Путин. Во јавноста остана запаметено и неговото судење со својот поранешен партнер, Роман Абрамович, за најголема приватна тужба во историјата, а која Березовски ја изгуби. Мораше да плати три милијарди фунти оштета на Роман Абрамович. Ова е највисокиот надомест за приватна тужба во историјата на британската судство. Руската државна новинска агенција Итар-Тас пренесува дека руските судски органи не биле и официјално информирани за смртта на Березовски, против кој во русија се води истрага и за кого има меѓународна потерница. ИТАР-ТАСС потсетува дека беа спроведени неколку истраги и дека постојат голем број кривични случаи во кои се споменува и Березовски. Обвинителството, соопшти агенцијата, безуспешно барало негова екстрадиција, но судот во Лондон неколку пати одговорил негативно, велејќи дека Березовски во 2003 добил политички азил. Неговото богатство значително се намали во последниве години пред  се поради плаќање на големите судски трошоци за кои се верува дека надминале 100 милиони фунти. Во 2008-та година списанието Форбс пресмета дека Борис Березовски имал богатство од 1,3 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја