06 Декември, 2025
0.5746

ДОСИЕ „БИЈЕЛО ДУГМЕ“: Пркос, СФРЈ и рокенрол!

Објавено во: Стил 07 Ноември, 2014 09:55

Добивај вести на Viber

Бендот кој му пркоси на времето тргна во совладувањето на границите ширум светот. 4 децении  музички неуморни. Бијело дугме ја започна својата светска турнеја. Досега ги посетија Марибор, Виена, Цирих. Во склоп на концертниот список, овојпат вклучено е и Скопје. По Скопје остануваат Минхен, Чикаго, Њујорк, Торонто и Штутгарт. Македонското парче од оваа светска турнеја ќе биде реализирано во спортската сала Борис Трајковски на 7ми ноември. Авалон Продукција е организатор  на големиот славенички концерт на  Горан Бреговиќ, придружуван од “Оркестар за свадбе и сахране” и Ален Исламовиќ како специјален гостин. Жељко Бебек и Младен Војичиќ Тифа не се на списокот. Концертот ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, а ќе бидат изведени најголемите хитови на „Бијело дугме“ од нивните девет албуми. Култен бенд во Југославија. Направи микс од политика, фолк со рок. Многумина групата ја сметаа за симбол на единството во Југославија Бијело дугме веројатно е еден од најпознатите рок бендови од поранешна Југославија Сцената на овој простор ја контролираше во почетокот на 70тите и 80тите години од минатиот век. Бендот е основан во Сараево во 1973. Издале девет албуми во периодот од 1973 до 1989 година.  Групата беше создадена од  бендот Јутро, а новото име го прифатиле на 10.01.1974. Својата музичка карта ја отворија 1974 со албумот „Кад би био бијело дугме“. Симпатиите на публиката ги освоија уште со првиот албум. Во нивното музичко портфолио вклучија бројни хитови, одлични турнеи по Југославија. Нема да биде погрешно ако се оцени дека беа бенд, кој своевремено диктираше одредени музички правила, дотогаш не прифатливи. Нивните албуми ги рушеа  рекордите на продажба. Несудениот филозоф по образование,  Горан Бреговиќ беше човекот кој е постојан член и покрај сите измени во бендот. Тој ги влечеше конците на Бијело Дугме, одлично го опипуваше пулсот на публиката. Политиката ја вовлекуваше низ темите на песните, го користеше народниот призвук, што не беше вообичаено за поп рок сцената во тоа време, а публиката ја голташе музиката на Дугме. Во Бијело дугме се менуваа пејачите Жељко Бебек. Младен Војичиќ Тифа и Ален Исламовиќ. Се менуваа и басиситите Горан Ивандиќ, Милиќ Вукашиновиќ и Драган Јанкелиќ, како и клавијатуристите Владо Правдиќ и Лаза Ристовски.  На една турнеја на местото тапанар се појави и нашиот Гарабет Тавитијан. Бендот се распадна 1989 скоро во истиот период кога започна распаѓањето на Југославија. Повторно се собраа на прошталната турнеја 2005 со концертите во Сараево, Загреб и Белград.  Концертот во Белград е еден од најпосетуваните концерти на југословенските простори. По повод 40 години од објавувањето на првиот албум на Бијело Дугме „Кад би био бијело дугме“ дискографската куќа Кроација Рекордс (поранешен Југотон) на 14 ноември ќе издаде луксузно издание „Бијело Дугме – Box set deluxe“ кое за прв пат ќе ги обедини сите девет студиски албуми на најголемиот рок бенд во регионот.  Пеачите се менува, Исламовиќ со најсилно влијание Жељко Бебек беше првиот вокалист на Бијело Дугме. Критичарите го опишуваа како човек со импресивен глас и специфична боја. Неговата интепретација е без напнатост и напор, без интонативна несигурност. Последниот концерт со групата, Бебек го имаше во Сараево на Олимписко село на 13 февруари 1984. На местото на Бебек пристигна Младен Војичиќ Тифа. Бреговиќ прво испразнетото место му го понудил на Ален Исламовиќ, но тој остана во Дивље јагоде. Дугме со Тифа го помина летото во Ровињ каде го вежбале новиот материјал. Албумот се појави во декември 1984. Бреговиќ во тоа време заедно со Здравко Чолиќ ја основа издавачката куќа Камарад. Албумот  го доби името по бендот, а на омотот се појави репродукцијата на Косовка девојка од Урош Предиќ. Тифа и покрај одличниот глас не успеа да оствари блискост со публиката. По заминувањето на Тифа од Бијело дугме, конечно во групата стигнува Ален Исламовиќ. Неговото преминување одекна како бомба. Медиумите пишуваа дека со доаѓањето на Исламовиќ, конечно бендот доби фронтмен. Рокерот, своевремено дури и металец лесно ги прифати новите правила на игра иако тие отсокнуваа од она на што беше навинат да работи. Неговата кариера во Бијело Дугме ја одбележа најмногу „Ружица си била“. Исламовиќ за своето доаѓање во бендот  ни изјави: „И покрај тоа што бев хеви метал пејач, во бендот го донесов конечно оној фолкерски момент кој на публиката и се допадна. Критичарите не беа баш воодушевени, но публиката тоа го сакаше. “ Исламовиќ подготвува автобиографија која е различна од книгата за Дугме на Душан Вјесиќ. Ни откри дека во неа се подготвува да го открие она што се случуваше во позадина: „ Мислам дека мојата книга ќе биде интересна. Во неа се опишани сите мои мигови во Дивље јагоде и Бијело Дугме. Мислам дека ќе биде интересна затоа што ќе го открие она што публиката никогаш не успеа да го види.“ Влијание Бијело Дугме беше најпопуларен рок бенд во поранешна Југославија. Имаа и свои критичари. Негативните критики првенствено беа упатени кон мешањето на рок музиката со народна. Други пак сметаа дека Бреговиќ направи комуникативна музика. Музичарите сметаа дека што и да правеше Дугме, другите едноставно го пратеа. Своевремено Телевизија Србија сними српски спот за „Џурџевдан,“ за да им се противи на останатите републики во тогашна Југославија. Но, тоа резултираше со бунт, Босна и Херцеговина дури и го забрани емитувањето на спотот. Политиката често провејуваше во музиката на Дугме. Тоа не беше секогаш добро прифатено. На пример, Хрватската и Српската публика лошо го прими миксот на „Лијепа Наша“ и „Тамо далеко“, па жестоко го исвирка Бреговиќ во текот на концертот. 40 години Бијело Дугме По повод 40 години од објавувањето на првиот албум на Бијело Дугме „Кад би био бијело дугме“ дискографската куќа Кроација Рекордс (поранешен Југотон) на 14 ноември ќе издаде луксузно издание „Бијело Дугме – Box set deluxe“ кое за прв пат ќе ги обедини сите девет студиски албуми на најголемиот рок бенд во регионот. Бијело дугме 4 децени музичко опстојување ги одбележува со светска турнеја. Концертот во Скопје е закажан во спорстката сала Борис Трајковски на 7ми ноември В.Р.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: