17 Мај, 2024
0.0280

ДОСИЕ БОШКОВ МОСТ И ЛУКОВО ПОЛЕ: Мега-енергетските проекти се проблематизираат!

Објавено во: Економија 24 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Бошков мост и Луково поле- два мега енергетски проекти најавувани со години наназад од речиси сите политички гарнитури. Од енергетски аспект, изградбата на овие две хидроцентрали ќе влијае врз намалување на увозот на струја, но од еколошки аспект, биолозите алармираат дека на Мавровскиот национален резерват му се заканува пропаст. Парите за реализација на проектот Бошков мост се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, која беше задолжена за изработка на физибилити студијата која требаше да го покаже влијанието на изградбата на браната врз животната средина. Минатата година првичните коментари од банката беа дека реализацијата на проектот нема да ја загрози животната средина, но ставовите се променија. Деновиве во интервју за британски Гардиан, портпаролката на ЕБОР во врска со најавените инвестиции во хидроенергетскиот проект „Бошков Мост“, изјави дека проектот е стопиран и дека во тек е изработка на нова студија. Во весникот пишува дека банката се уште не исплатила ниту денар за реализација на проектот Бошков Мост,а целата процедура околу проектите е моментално запрена. -Во тек е спроведување на „нова“ студија за оценка на влијанието врз животната средина. Се додека студијата не се заврши, нема да се преземаат никакви активности. Поради жестоките реакции од страна на експертите од областа на заштита на животната средина и засегнатата поширока јавност, работата на терен е отежната. Многу е веројатно дека ќе треба да се свртиме и да се откажеме, вели претставникот на ЕБОР за британски Гардиан. Студијата која треба да покаже дали реализацијата на овие енергетски проекти ќе ја загрози природата, треба да  биде готова најрано за една година, но дотогаш проектот ќе биде стопиран. Домашните екологисти  велат дека ваквата одлука на ЕБОР не значи дека банката се откажала, но дека сепак е сигнал дека е можно проектот да се откаже. -Ова не значи дека ЕБОР донела одлука за откажување на проектот, но дефинитивно дава сигнал дека таква одлука е во игра имајќи ја предвид неуспешноста на неколку студии и анализи за оцена на влијанието врз животната средина. Банката после четири години анализа сеуште нема сатисфакциона, меродавна и изржана анализа која ќе покаже дека проектот нема да има влијание врз животната средина и прородата или дека влијанијата ќе ги сведе на минимум особено во однос на критично загрозениот вид – рисот, вели за Фактор, Александра Бујароска од Еколошко здружение на граѓани „Фронт 21/42“. Дел од екологистите велат дека недостасува длабинска анализа за влијанието на проектот, и дека целата постапка досега не а направена како што треба. -Мислам дека одлуката на ЕБОР е коректна. Кај нас вообичаено се нешто се протнува низ мала врата без спроведување на неопходните процедури. Процедурите за сите тие проекти не беа направени како што треба, не може да се гради без анализа на влијанието врз животната средина. Ние често пати одиме обратно прво се дава решение а потоа бараме тоа решение да го оправдаме од еколошки аспект. Засега не може да се каже како овие проекти ќе влијаат врз животната средина оти тоа не е испитано сеуште, бидејќи постапката за оценување не е она што треба да биде.Значи треба да се направат детални анализи па да се одлучи дали да се гради или не, вели за Фактор, Јован Мазгански од еколошкото здружение Еко-скоп. Екологистите велат дека штом ЕБОР налага дополнителни анализи тогаш очигледно е дека не е направена соодветна оценка на влијанието. -Проектите имаат негативно влијание врз реките и нивната реализација може да доведе до исчезнување на значителни видови на флората и фауната. Според голем број експерти, проектите претставуваат закана за Националниот парк Маврово. Со оглед на фактот што ЕБОР налага дополнителни анализи очигледно е дека не е направена соодветна оцена на влијанието врз животната средина, вели за Фактор, Марко Соколовски од “Go Green” . Од компанијата ЕЛЕМ која е инвеститор посочија дека кога ќе биде готова студијата за влијанието врз животната средина податоците ќе ги испратат во ЕБОР, по што ќе бидат познати следните чекори. Според Владата проектите се од големо значење за земјава, но засега нема став околу одлуката на ЕБОР. Минатата година премиерот Никола Груевски најави дека проектот за хидроцентралата Бошков мост ќе стартува годинава, и заедно со хидроцентралата Луково поле ќе бидат од големо значење за енергетиката и за севкупната економија. Тогаш премиерот изјави дека Владата нема да гради проект што би им наштетил на граѓаните и на животната средина. Гардиан:„Бум од брани на Балканот, закана за последните „ диви“ водотеци во Европа“. „Бум од брани на Балканот, закана за последните „ диви“ водотеци во Европа“, вака беше насловен текстот во британски Гардијан, посветен на изградбата на двете брани. Најавите за изградба на повеќе од 570 хидроцентрали поголеми од 1 MW се сериозна претстојна закана за најзначајното природно богатство на Европа – реките во балканскиот регион, пишува весникот. -Дваесет и две од нив се уште наменети за Маврово, најстариот и најголем национален парк во Македонија, фасцинантни 730 квадратни километри дивина со пространи буково-елови шуми, клисури, водопади, тресетишта и највисоките планини во земјата, истакнува новинарот Артур Неслен за Гардиан. Мавровскиот национален парк содржи стара букова шума и ретки примероци од животни, како што е рисот. Мавровскиот национален парк се простира на површина од 73.000 хектари, и лежи на границата со Албанија и Косово. -Националниот парк „Маврово“ во Македонија - признаен од страна на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) - е еден од најстарите национални паркови во Европа. Според IUCN, национални паркови се области издвоени со цел да се заштитат големите екосистеми од негативното човечко влијание. Како такви, националните паркови се области каде се забранети  големи хидроелектрани или било кои други деструктивни форми на користење на земјиштето. Националниот парк Маврово на меѓународно ниво е означен како значајно растително подрачје, значајно подрачје за птици, подрачје од клучно значење за биодиверзитетот како и Емералд подрачје. Содржи тринаесет загрозени живеалишта и бројни ендемски и/или загрозени видови наведени во анексите на Бернската конвенција. Маврово е дом на единствената останата популација на балканскиот рис (Lynx lynx ssp. Balcanicus) и на една од последните преостанати недопрени букови шуми на Балканот. Изведбата на еден ваков проект, која минимум би траела 5 години и за чие времетраење важат одредбите од законот за градење, би може да го доведе во прашање постоењето на самиот национален парк. Планираните хидроенергетски проекти во Маврово не само што се закана за живеалиштата на голем број загрозени видови, туку и ја поткопуваат самата идеја за национални паркови во целина. Ова испраќа катастрофална порака до меѓународната заедница во однос на значењето кое Република Македонија им ја придава на националните паркови кои претстацуваат само 6% од вкупната територија на Македонија. Исто така, овие проекти се во спротивност со правото на ЕУ, меѓу другото со директивите за живеалишта и птици кои се правен основ за воспоставување на мрежата Натура 2000 и Рамковната директива за води, вели Бујароска. Се чека и студијата за проектот Луково поле Физибилити студијата за Луково Поле треба да ја изработи Светска банка која ја финансира реализацијата. Изградбата на хидроцентралата Луково поле го зафаќа и албанскиот дел , па проектот лани се проблематизираше и на повисоко политичко ниво, а властите од Албанија порачаа дека без нивна дозвола хидроцентралата нема да се гради.Од ЕЛЕМ посочија дека проектот Луково поле ќе се реализира според најстроги еколошки стандарди. Екологистите велат дека со овој проект состојбата е покомплицирана. -Делови од планираните зафати на предложениот проект се наоѓаат во зона на активно управување каде што активности од ваков тип се забранети со Законот за природа. Сеуште ја очекуваме Студијата за оцена на влијанието вврз животната средина која треба да го покаже влијанието. Дополнително, во однос на самиот Национален парк „Маврово“ доправа се очекува усвојување на Законот за репрогласување на Маврово за заштитено подрачје како и Просторниот план. Овие документи можат сериозно да влијаат врз планираните хидроенергетски проекти со оглед на фактот дека во истите се предвидуваат зони на паркот и дозволени активности во истите.Со оглед на фактот дека Советот на Европа преку Постојаниот Комитет на Бернската Конвенција во декември 2014 година отвори случај против Македонија поради основано сомневање дека со носењето на одлука за спроведување на хидроенергетските проекти во Маврово, меѓу кои и Бошков Мост и Луково Поле, Владата ги прекршила одредбите за заштита на природата, апелираме до надлежните инситуции да не превземаат понатамошни чекори и да ги стопираат активностите во однос на спроведување на проектите се додека не се донесе конечна одлука од страна на Постојаниот Комитет. Најавено е дека во текот на 2015 година Постојаниот Комитет ќе направи посебна истражна мисија по што ќе усвои соодветни насоки и препораки во однос на планираните хидроенергетски проекти во Маврово, вели Бујароска. 100.000 потписи против проектите Луково Поле и Бошков мост Лани на меѓународната петиција за заштита на националниот парк Маврово, се потпишаа сто илајди луѓе. Германски Шпигел напиша: -Поголемиот дел од Балканските земји влегоа во криза. А таму, каде што нема пари, заштитата на животната средина често е на задното седиште, напиша авторот на текстот “Хидроенергетска битка : Браните се закана за последните европски диви реки Во одбрана на природата застанаа и жителите од реканскиот крај, кои протестираа против реализацијата на овие проекти. Протести имаше и во соседна Алабанија. Од друга страна бизнисмените бараат веднаш да почнат градежните работи бидејќи според нив изградбата на овие хидроцентрали е економска потреба. Но екологистите укажуваат на други алтернативни решенија. -Производството на енергија од оваа електрана би учествувала со нецели 2% во вкупното произвотство на електрична енергија, односно околу 1,5% од вкупната домашна потрошувачка. Дополнително, проектот Бошков Мост е дизајниран строго за пик (вршна) енергија. Намалувањето на увозната зависност би се постигнала доколку се градат енергетски проекти кои би ги задоволиле потребите за базна енергија. Нашата цел е зачувување на Националниот парк „Маврово“ како екосистем во целост. Се надеваме дека нашиот апел за заштита на еден од најстарите национални паркови во Европа ќе продре до носителите на одлуки, вели Бујароска. Вкупната инвестиција за двата проекта ќе чини 170 милиони евра, од кои дел односно 100 милиони евра ќе бидат финансирани од Светска банка и Европската банка за обнова и развој.Браната Луково поле ќе чини 62 милиони евра, од кои 50-тина милиони евра ќе се обезбедат преку кредит од светска банка, а останатиот дел од ЕЛЕМ. Хидроцентралата ќе обезбеди собирање на вода од корапското подрачје за производство на 125 гигават часови енергија. За да се изградибраната, мора да се изгради и нов пат низ паркот.Хидроцентралата Бошков мост ќе се гради во близина на Дебар при што ќе бидат искористени водите на реката Мала река и нејзините притоки. Браната ќе произведува 107 гигават часови енергија. Инвестицијата за ХЕЦ Бошков мост изнесува 107 милиони евра, од кои 65 милиони евра се од ЕБОР. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати