03 Мај, 2024
0.0248

ЕНВЕР МАЛИЌИ: Трговецот со виски одбран за почесен конзул на Мексико

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Мексико отвора почесен конзулат во Македонија, со седиште во Скопје, а Владата вчера го прифати предлогот на таа земја за именување на бизнисменот Енвер Малиќи за нејзин почесен конзул во нашата земја.

Малиќи е сопственик на Гемак трејд, застапникот на повеќе светски брендови меѓу кои доминира вискито, а врската со Мексико најверојатно му е пивото Корона. Малиќи познат скопски бизнисмен, лани беше избран за заменик градоначалник на градот Скопје. Тој впрочем стана првиот Албанец кој имал ваква функција. Иако на почетокот даваше интервјуа и зборуваше дека ќе се посвети на градот Малиќи не беше експониран на таа позиција. 

Негов е и Хотелот Парк и Спа, на кејот на реката Вардар. Искусниот бизнисмен започнува со Гемак Трејд во 1991 со дистрибуција на цигари, чоколади и парфеми од фри-шоп зоните кои се дистрибуирани на македонскиот пазар.

Гемак се реорганизира во дистрибутерска куќа фокусирана на домашниот пазар, за производи од реномирани  познати светски фирми кои самостојно ги увезува. Во 1997 се здобива со ексклузивитет за увоз и дистрибуција на истите, и со нив и денес успешно работи. Гемак во 2001 отвора својa сестринска фирма и во Приштина. Гекос, претставништвото на Гемак на Косово, се занимава со дистрибуција на истите брендови кои се дистрибуирани во Македонија

Во моментов го снабдува македонскиот пазар со најпознатите брендови на виски. Дистрибуира неколку познати брендови на тутунски производи, освежителни пијалоци, вода кафе, како и и кондиторски производи.

Гемак Трејд располага со парк од 30-тина сопствени возила и голем магацински простор, а превземањето главно го врши од Холандија и Албанија.

Во 2010 година Гемак Трејд е прогласена за најуспешна компанија во северозападна Македонија со вкупен промет од речиси 3 милијарди денари

Успеа да изменаџира зделка со контроверзниот „Кинески ѕид“ зад јужната трибина од националниот стадион во Градскиот парк во Скопје и од потенцијална џиновска руина  во 2014-та го отвори како луксузен апартманско-хотелски комплекс. 

Од Хотел Парк и Спа тогаш соопштија дека целата инвестиција чинела 15 милиони евра. 

A.K.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија