19 Декември, 2025
0.0259

ДОСИЕ КОСМОС: Како беше урнат сонот на Цановски?!

Објавено во: 11 Јуни, 2016 10:54

Добивај вести на Viber

Петата бомба која ја презентираше лидерот на СДСМ, во рамки на ланскиот проект „Вистината за Македонија“ Зоран Заев е директно поврзана со рушењето на сонот на Фијат Цановски – мега комплексот „Космос“. Со оглед на фактот дека автентичноста на снимката не беше негирана од директните актери премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, тоа само потврдува за немилосрдноста на државниот врв за скоро крвничката одмазда кон Фијат Цановски.

Сонот „Космос“ кој се сруши заради политичка пресметка со класична злоупотреба на владините институции

Мини град со околу 4.000 жители, модерен станбено – деловен центар од затворен тип со 24-часовна услуга, ротирачки ресторан на кровот…Ова беше проектот зад кој како инвеститор застана Фијат Цановски. Почна да се гради, на почетокот од 2011 година, планот беше комплексот „Космос“ да биде завршен на 31.12.2012 година. Но…немилосрдноста на политиката ги сруши сите соништа, не само на Цановски, туку и на 50-тината семејства кои имаа уплатено во мега проектот „Космос“,

Кој беше гревот на Цановски

fijat-canoski

Се одеше според планот, но се до моментот кога сватот на Фијат Цановски, сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски не беше уапсен во декември 2010 година. Откако во јавноста се шпекулираше дека Цаноски финансиски ја помага А1 телевизија, почнаа проблемите за тогашниот пратеник, лидер на ПЕИ и сопственик на универзитетот ФОН.

Се одеше според планот, но се до моментот кога сватот на Фијат Цановски, сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски не беше уапсен во декември 2010 година. Откако во јавноста се шпекулираше дека Цаноски финансиски ја помага А1 телевизија, почнаа проблемите за тогашниот пратеник, лидер на ПЕИ и сопственик на универзитетот ФОН.

На Цановски, прво му беше одземена градежната дозвола, која потоа, како што самиот изјави, му била вратена по интервенција на премиерот Груевски. Но, добрите односи меѓу тогаш коалиционите партнери не траеја многу. Откако стана јасно дека ќе има предвремени избори, почнаа партиските прегрупирања, по кои Цаноски и Груевски се најдоа на различни страни. Токму преоѓањето во опозициската коалиција, веројатно беше вистинска причина за уривањето на „Космос“, кое започна на 1 август 2011 година, само неколку недели по новата победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Односите со ДУИ

Непосредно пред предвремените прарламентарни избори во 2011 година, Цановски беше на само чекор до коалиција со ДУИ на Али Ахмети. Но, ја откажа во последен момент. Ахмети сметаше дека е „изигран“ со тоа што прифати промени на границите на изборните единици 5. и 6. наводно за Цаноски да има уште еден пратеник во „петката“.

Во дел од шпекулациите за уривањето на „Космос“ остана и можноста дека освен политичките причини, на кои посочија дури и меѓународните институции, стојат и бизнис интересите на конкуренцијата.

Зошто официјално беше срушен „Космос“

Формалното објаснување за рушењето на „Космос“ беше дека објектот бил за еден метар и 43 сантиметри повисок од предвиденото. Во моментот кога градбата беше стопирана, објектот имаше 6 ката од предвидени 17, што значи дека државата го сруши поради претпоставена штета, која ќе ја претрпеше дури откако ќе беше изграден и последниот кат.

Цаноски бараше корекција на проектот, предвидена со законот додека трае градбата, но не му беше дозволена.  Државата преку своите институции, а особено преку настапот во Собранието на инспекторката задолжена за уривањето,  невешто ја бранеше одлуката за уривање, што остави впечаток во јавноста дека се делува грубо и селективно. Уште повеќе, „Космос“  беше срушен во моменти кога во полн ек беше акцијата за легализација на дивоградбите.

Фијат Цановски против градоначаникот на Гази Баба Тони Трајковски

На надзорната собраниска комисија од 05 октомври 2011 година каде како сведок пред пратениците меѓудургите беше и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, тогашниот пратеник и инвеститор на „Космос“ Фијат Цановски директно го праша Трајковски.

„На средбата на 18 јули после донесувањето на решението за рушење дојдов кај вас, а вие ме замоливте да ги тргнам телефоните. Тогаш ми потврдивте дека „Космос“ се гради легално, но дека имате наредба од горе. Ве прашувам кои се тие луѓе од горе кои ви наредија да направите криминал и да уривате легален објект, а да ве потсетам дека за се ова што го направивте се оди во затвор?

На прашањето на Цановски, Трајковски пред пратениците потврди дека веднаш откако инспекторката констатира неправилности го повикавме Цановски да не информира зошто почнал да гради спротивно на одобрението..

„Не е точно дека телефоните биле тргнати и дека сум кажал како што рече Цановски оти некој ми дал задача. Мислам дека ова е кристално јасна чиста ситуација каде и стручната служба и самиот инвеститор потврдува дека гради спротивно на одобрението. Нема ниту П од политика, во рушењето на Космос“, изјави во октомври 2011, градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски. На што Цановски кусо одговори, лажете.

Што предвидуваше проектот

kosmos1

Самиот комплекс, според проектот, ја имаше големата зграда -седумнаесеткатница, поделена на пет ламели, и помалата зграда, која ќе била поставена полукружно. Двете згради заедно требало да имаат околу 560 стана. Поголемата зграда зафаќала бруто – површина од околу 80.000, а помалата околу 40.000 квадратни метри. Изградбата на комплексот ќе чинеше на околу 30 милиони евра.На долните катови од големата зграда предвидени беа предвидени деловни простории и шопинг – центар, а на последниот кат беше предвиден луксузен ротирачки ресторан со површина од 1.500.до 2.000 квадратни метри од кој ќе можеше да се гледа целата панорама на Скопје. Во средишниот дел на овој последен кат планирано било да се сместат и фитнес – центар, базен и сауна за рекреација на станарите. Беше предвидена и детска градинка. Меѓу двете згради, кои требаше да се оддалечени 120 метри, превиден бил парк и шеталиште. Паркирањето било решено со две подземни гаражи од по два ката под подрумите на зградите, а странично од комплексот била предвидена и гаража на два ката со околу 562 паркинг-места.

СЈО покрена истрага под кодно име „ТНТ“ за рушењето на комплексот

Кога специјалната обвинителка Катица Јанева о најавуваше случајот таа соопшти дека  во случајот има повреда на слободите и правата и предизвикување на имотна штета. Јанева објансува дека во случајот има злоупотреба на инстиуционалните капацитети од функционери, водејќи се од побуди и мотиви кои се базираат на политичка определба.

Обвинителката Фатиме Фетаи за случајот „ТНТ“, презентираше неколку смс пораки кои откриваат како било договарано уривањето на комплексот „Космос“.

Наредба и поддршка за овој настан имало од тогашното највисоко политичко раководство на државава, кажа Фетаи.

„Во овој предмет одредени аболицирани „политичари“, најгрубо и со умисла, злоупотребувајќи ја службената положба и овластувања, од одмазднички причини, само затоа што некој имал поинаква политичка определба, нанеле огромна штета со уривање на станбено-деловен комплекс кој бил во фаза на изградба. Се работи за рушењето на комплексот КОСМОС, сопственост на Фијат Цановски, воедно и претседател на Партијата за Европска Иднина (ПЕИ)“, изјави обвинителката Фатиме Фетаи.

По повлечената аболиција СЈО ги повика на распит актерите во истрагата Груевски, Јанакиески и Трајковски

gruevski politika

Во кратка изјава за медиумите првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ рече дека не чуствува вина.

Денеска бев повикан во судот затоа што Катица Јанева изразила сомнеж дека ќе ја напуштам земјата. Не знам  али некој верува во тоа, но се гледа дека СЈО прави чекори кои се нарачани и најверојатно тоа го посакува нивниот нарачател кој во неколку наврати изјави дека не ги признава македонските судови. Веројатно тоа е негова желба, но тоа ниту ќе го сторам ниту е вистина, ниту ќе му ја исполнам неговата желба, посочи Груевски.

Тој исто така рече дека нема намера и не планира да бега или да ја напушти државата, а очекува дека во иднина повторно ќе имало обиди за негово малтретирање да доаѓа во судот. Тој не сакаше да одговара на новинарски прашања. со образложение дека го чека настан.

На распит се јавија и екс министерот Миле Јанакиески и градоначалникот на општина Гази Баба Горан Трајковски

Основниот суд Скопје одлучи - нема мерки за претпазливост за Груевски, Јанакиески и Трајковски

Основниот суд Скопје 1  преку соопштение синоќа објави дека против Груевски, Трајковски и Јанакиески кои денеска беа на распит пред судија на претходна постапка, не е донесена мерка претпазливост.

Мерка претпазливост за нив бараше СЈО. Судијата на претходна постапка го одби барањето како неосновано и одлучи да не определи мерки за претпазливост, се наведува во соопштението. Во рок од 24 часа СЈО има право да поднесе жалба до Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје.

СЈО побара од судот да им изрече мерки за претпазливост на осомничените во случајот „ТНТ“,  за рушењето на комплексот „Космос“. Ваква мерка се бараше за лидерот на ВМРО ДПМНЕ и екс премиер,  Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

ФИЈАТ ЦАНОСКИ ДО ГРУЕВСКИ: Народот ќе те казни за сѐ што ѝ направи на Македонија

Преку социјалната мрежа Фејсбук, Фијат Цаноски во јануари отворено му се обрати на премиерот Никола Груевски и го повика да одговори на неколку прашања за рушењето на „Koсмос” . Цаноски го повика на одговорност и побара оштета за рушењето на објектот.

Еве што напиша Цаноски :

„Му се исполни желбата на Груевски, еве како изгледа КОСМОС после 5 години, околу 50.000м3 рециклиран бетон на 30.000м2 земја… Само едно ќе го прашам и него и тој малиот министер Миленце, од каде меревте, од кој булевар или улица дека било повисоко за 1.43см?,

 И тогаш и сега, тука нема ниту булевар, ниту улица… Зошто не сакавте да го видите вештачењето од Градежен факултет каде што ви објаснуваат како се мери кота нула и каде ви напоменувааат дека објаектот не отстапува ниту милиметар од дозволата за градба??? И зошто вашиот градоначалник не ми ја дал дозволата за градба

 Зошто вашите градоначалници веднаш после рушењето ми ги наплатија сите комуналии од 5.200.000 евра и плус камати од 2.000.000 евра кога немаа намера да ги изведат и булеварот и споредните улици? До ден денес немаат преземено никакви активности, иако во договорот стои дека се обврзани да ги изведат во рок од 5 години, а тој рок помина???

 Зошто вашата УЈП ми наплати 900.000 евра за ДДВ на рушење кога и тоа не е по Устав и закон да се плаќа ДДВ на нешто што не постои?

Целата објава на Цаноски може да ја прочитате тука.