30 Август, 2024
0.0130

Досие Љубчо Георгиевски: Харизматичен визионер или прочитан бизнисмен!

Објавено во: 19 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Остроумен, речиси секогаш со идеи кои предизвикуваат лавина од реакции кај домашната јавност, а понекогаш и кај меѓународната. Контраверзен само по себе, често оспоруван, но истовремено и величан од неговите следбенци. Тоа е Љубчо Георгиевски, еден од првите основачи на ВМРО ДПМНЕ, човекот кој долги години беше месија за најголем дел од симпатизерите на десницата. Неговите радикални ставови кои секогаш предизвукаа интерес кај македонската јавност, многупати тешко беа прифаќани од поголемиот дел од македонските граѓани. Таков беше и неговиот последен предлог за меѓусебна амнестија помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, како можно решение за излез од политичката криза во која западна Македонија, по скандалот со прислушување. Иако, многумина сакаат да му ја оспорат визијата, сепак Георгиевски беше младото момче кое во почетокот на 90-тите години од минатиот век, како еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ тврдеше дека Македонија треба да излезе од СФРЈ, да прогласи самостојност, да биде држава со свое знаме,своја валута, репрезентација...    Кој е Љубчо Георгиевски Љубчо Георгиевски е истакната македонска политичка фигура особено од 1991 до 2003 година. Денеска му се припишува дека е најголемиот „виновник“ кој го промовира Груевски и груевизмот во Македонија. Откако во 2004 година се случија внатрепартиските поделби во денес владеачката ВМРО ДПМНЕ. Кога Георгиевски по поразот во 2002 година најави дека ќе се повлече од кормилото на ВМРО-ДПМНЕ, никој не претпоставуваше дека челната позиција ќе му ја отстапи на Никола Груевски. „Војводата“, реши дека токму Груевски е неговиот наследник. И...погреши или не...? 21687mala На изборниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид во мај 2003 година кога го прашаа зошто се одлучи за Никола Груевски, тој одговори - „Никола нема харизма, но е менаџер-технократ, а токму таков ќе и треба на Македонија во следниот период“. Георгиевски само две години подоцна откако го промовираше Груевски за нов кормилар на ВМРО ДПМНЕ, беше малтене на „клоци“ исфрлен од неговата матична партија. Георгиевски денеска не се срами да признае дека Никола Груевски е негово промашување. Премиер на Македонија од 1998 - 2002 Периодот до 1998 година, Георгиевски делува како опозиционер. Тој е првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, од нејзиното основање во 1990, до мај 2003 година. Истовремено, во неговата биографија е запишано и дека тој е првиот потпретседател на Република Македонија по прогласувањето на нејзината независност во 1991 година. ljubco georgievski ВМРО ДПМНЕ на власт доаѓа во 1998 година, период кога земјата е во длабока транзиција, а регионот опкружен со нерешени прашања. Големи афери го тресеа владеењето на Георгеивски, но тој сепак не се плашеше од медиумите, иако тие немаа милост кон него, а често и не требаше. Пред воениот конфликт во 2001 година, на Георгиевски како премиер му се случува аферата „Големото уво“. Аферата „Големото уво“ избувна во почетокот на 2001 година, кога тогашниот опозициски лидер Бранко Црвенковски обелодени стенограми на телефонски разговори на прислушувани политичари, новинари и дипломати. Техничкото вештачење покажа дека МВР и „Македонските телекомуникации“ имале опрема за прислушување. Скопското обвинителство во 2003 година ги обвини поранешната министерка за внатрешни работи, Доста Димовска, и тогашниот началник на Управата за оперативна техника во МВР, Александар Цветков, дека се нарачатели на прислушувањето. Веднаш потоа тогашниот претседател Борис Трајковски ги амнестира, што предизвика бурни реакции во јавноста. Аферата во 2001 година беше покриена со воениот конфликт, но многу прашања останаа отворени. Овој мегаскандал е прекриен со ѕид на молчење, а за него неволно зборува и претседателот Црвенковски, кој со изнесувањето на доказите на виделина се стави во центарот на аферата во 2001 година. Георгиевски vs Црвенковски од лути непријатели до сојузници во 2011 година против Груевски Харизматични лидери - ова е најчестиот одговор на мнозинството за Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски. Едниот поранешен лидер на ВМРО ДПМНЕ, другиот екс претседател на СДСМ. Нивното ривалство, беше речиси до граница на омраза, која особено ексалираше пред парламентарните избори во 1998 година, но и година подоцна пред претседателските избори. Сите ги паметат нивните остри дуели и зборовите кој си ги кажаа. Во тоа време се споменуваа шишиња виски, кокаин, шизофренија, предавници, бугарофили и што ли уште не. sredba-crvenkovski-i-georgievski-8   Еве дел од едно од тие познати ТВ дуели. Георгиевски до Црвенковски: Треба ли политичар да испие шише виски и да се трезнат со грам кокаин... Црвенковски до Георгиевски: Дали вие потпишавте дека треба ревизија на македонската азбука, дури и си го сменивте името од љупчо во љубчо со ,,б,,... Една деценија подоцна, од лути противници Георгиевски и Црвенковски во 2011 година застанаа на иста линија - ги обедини желбата за подобра Македонија и како што велеа тогаш да го срушат како што велат недемократскиот режим на Груевски. Чаршијата и ден денес шпекулира дека и покрај тоа што се политички непријатели, сепак по превземањето на власт еден со друг постигнале премолчан договор законски да не се прогонуваат за евентуални финансиски злоупотреби. Размена на територии 5586DA04C1530C4D94FA5CDD6A623C31Георгиевски беше контраверзен и со идејата за размена на територии. Со српскиот премиер Зоран Ѓингиќ двапати го отворивме прашањето за размената на територии, во време кога заврши косовската, а започна македонската војна. Сметавме дека ако во тој проект влезат Макеоднија и Србија влезат заедно, Албанците тоа ќе го прифатеа многу лесно поради нерешените проблеми со двете страни. Но Ѓингиќ наскоро загина, поради што не успеавме да го реализираме тоа. Се работеше за размена на население и територија. Во Македонија се работеше делот со Гостивар, Дебар и Тетово, а за возврат ќе добиевме дел кај Преспанско Езеро. Косово требаше само да ја формализира поделбата која почна. Од Албанска страна немавме мислење, тоа беше само идеја која не ја презентиравме. Сметам дека размената на територија не е лоша идеја, но не верувам дека денес Албанците би го прифатиле тоа, изјави во 2012 година, Љубчо Георгиевски во интервју за Хрватската телевизија. Република Северна Македонија „Република Северна Македонија“  е достоинствено решение за надминување на проблемот со името и со интеграциите на Македонија во ЕУ и во НАТО, изјавуваше Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-НП. „Отидовме на Самитот на НАТО во Чикаго единствени во ставовите, сите беа премногу конструктивни, но резултатот беше голем пораз, со што беше испратена кристално јасна порака, ако Македонија сака да продолжи со интеграцијата, ќе мора да направи компромис. Сите политичари што го одбиваат чинот за компромис, манипулираат со јавноста за дневни политички поени. Дури и ако Македонија влезеше во НАТО на Самитот во Чикаго, немаше да го заврши проблемот затоа што земјата ќе фигурираше како БЈРМ“, тврдеше во 2012 година Георгиевски, повикувајќи ги и власта и опозицијата  да прифатат нов компромис за брзо влегување во НАТО и ЕУ. Од жесток критичар на Груевски до бизнисмен кому владата на Груевски го избра да гради барокен хотел  Љубчо Георгиевски изминативе неколку години беше жесток критичар на владеењето на неговиот наследник Никола Груевски. За проектот Скопје 2014 тврди дека антиквизацијата која моментно се врши во Македонија, три пати повеќе го загрозува идентитетот. Сепак, токму од владеачката гарнитура на чело со Никола Груевски, медиумите во земјава пишуваа дека фирма на Љубчо Георгиевски била избрана да гради хотел во барок стил. Еве што пишуваа некои од медиумите - поранешниот премиер и лидер на ВМРО НП Љубчо Георгиевски е всушност инвеститорот на новиот барокен хотел што ќе се гради под Кале. Телевизијата Алсат објави истражување за фирмата ГМ Инвест Груп, која победила на аукцијата на Министерството за транспорт и врски и ја купила парцелата за 44 евра за квадрат. Според документите од Централниот регистар, фирмата купувач ГМ Инвест Груп од Струмица е во целосна сопственост на друга струмичка компанија, АМГ ЕДИЛХА. ЕДИЛХА пак, според тековната состојба, е компанија основана и во сопственост на физичко лице од селото Секирник, Босилово, но има и содружник, фирмата ВИП Проект од Скопје. Оваа фирма поседува две третини од вкупниот влог во Едилха, а струмичката фирма е всушност нивна ќерка-фирма. Сопственик на ВИП Проект, како што објави Алсат,  е физичкото лице Љубчо Георгиевски, чиј матичен број кореспондира со денот, месецот, годината и местото на раѓање на поранешниот премиер. Овој хотел не е единствениот што ќе се гради под Кале. „Курир“ во 2012 година пишуваше колку тежи Георгеивски Колку “тежи“ Љубчо Георгиевски и што се’ поседува овој политичар е отворено прашање веќе неколку години, пишуваше Курир во 2012 година. Со години наназад медиумите анализираат во оваа насока. Уште во 2006 година зделките беа матни, а некои работи несигурни. „Со која плата Љубчо Георгиевски купи имот на Флорида“, прашуваше тогашниот портпарол на СДСМ, Кондарко.  Дополнително, овој политичар се расфрлаше со пари, што беше тема на многубројни новинарски текстови. Така, во 2006 година, Љубчо и подари задружен дом на неговата сопруга Снешка. - Георгиевски за Нова година и подари на својата сопруга Снежана Георгиевска земјоделска задруга во сопственост на Република Македонија. Имено, три дена пред истекот на 2001 година, Владата и го пренесе на 20-годишно користење, без никаков надомест, севкупниот недвижен имот и дворното место на задружниот дом од село Владимирово на ЗИК "Сандански" со седиште во Делчево, фирма која уште пред една година беше приватизирана од роднина на сопругата на премиерот, а потоа и од неа, пишуваше тогаш Утрински весник. B4334AFF-2C30-4F80-86B3-7ED1EC5C3EE5_cx25_cy0_cw47_w800_r1 Во 2007 година кога стана актуелно пополнувањето на имотни листови, Љубчо се најде во тесно. Прво како на шега пишуваше дека поседува кокошки и гуски, култиватор и трактор, но законот повеќе не му дозволуваше да се мајтапи. Тогаш откри дека поседува два стана во Скопје од 100 и 200 квадрати. -Куќата во Беровско е на сопругата, ама не запишал колку чини, земјоделското земјиште во Скопје му е од три и од седум декари, повторно без цена. Георгиевски пријавил и уметнички слики и колекционерски предмети, но без да се наведе цената. Од заеднички имот има 70.000 евра, ниту една сметка во домашна или во странска банка. Семејството Георгиевски има џип „тојота“ кој го вози сопругата Снежана, објави тогаш Утрински весник. Во 2008 година Љубчо беше соочен со заканата да добие прекршочна пријава поради криење на имот. Имено, тој ја одбегнуваше законската обрска за пополнување и предавање на анкетните листови за имотната состојба до Државната комисија за спречување корупција. Само Георгиевски и пратеникот на ДПА, Даут Реџепи Лека не пополнија навремено анкетен лист. Антикорупциската поднела до Судот барање за поведување прекршочна постапка, а до УЈП имаше поднесено барање за проверка на имотната состојба.Постапката пред Суд требаше да покаже што крие Љубчо одбегнувајќи да пополни имотен лист. Таа година во медиумите осамнаа наслови како „Георгиевски и Лека ги кријат куќите.“ Во 2009 година, Бизнис 24, ја обработуваше темата „Колкаво е семејното богатство на поранешниот премиер Георгиевски“. Анализата беше заснована на податок дека Љубчо “тежи“ околу 100 милиони евра. Во меѓувреме, со финансиската и имотна состојба на овој политичар се бавеа и неколку бугарски медиуми. Така, „24-часа“ од Софија објави за бизнисите кои Љубчо ги води во Бугарија. „Супер ми оди бизнисот“, ги коментира Георгиевски, информациите како му оди бизнисот кај нашиот сосед, по информациите кои ги објавија бугарските медиуми за плановите на експремиерот за производство на струја од сончева енергија, за што регистрирал и фирма. Во написот на бугарскиот неделник  „168 часа“, се наведува дека поранешниот премиер на Македонија, Љупчо Георгиевски, за кој се вели дека „стана бугарски државјанин“, ќе произведува во Бугарија струја од сончева енергија. Според нив, Георгиевски планирал изградба на фотонапонски панели во хасковското село Светослав. -Политичарот платил 5.161 лева за да ги постави фотопанелите на 3.052 квадратни метри. Зделката е од август 2009 година, пишуваше „168 часа“. За имотната состојба на овој политичар има многу отворени прашања и годинава.  Управата за јавни приходи четири години молчи за имотот на Љубчо, за кој вели дека е даночна тајна. Сајтот МКД.мк во јули годинава направи истражување, но до конкретни податоци не успеа да дојде. -Под превезот – „законот нè обврзува, тоа е даночна тајна, јавноста не може да знае детали“, УЈП не открива дали врши проверка на имотот на Љубчо Георгиевски, иако поминаа четири години откако Државната комисија за спречување на корупцијата побарала таква постапка од надлежната управа, објави МКД. Антикорупциската комисија уште во 2008 година поднела барање до УЈП за испитување на имотната состојба на Љубчо Георгиевски, кој не поднел анкетен лист откако ја напуштил пратеничката функција. -Георгиевски не дал отчет со колкав и каков имот располага откако престанал да биде пратеник, што било повод антикорупционерите да го активираат своето барање до Управата за јавни пригоди. Постапките во кои се врши проверка на нечија имотна состојба траат мошне долго. Се проверува сè живо и диво – дали е стекнат легално имотот, потеклото на капиталот, дали е платен данок… и покрај долготрајниот процес од УЈП досега не излегоа никакви информации – ниту пак се знае дали се постапува по барањето на антикорупционерите. Одговорот од УЈП е краток: информациите за проверка на имотот според законот се даночна тајна и на јавноста не може да ѝ бидат соопштени никакви детали во врска со тоа, анализира сајтот. Во последниот број на Граѓански, Љубчо проговори сам за бизнисот во градежништвото. Јавноста веќе знае дека Георгиевски поседува неколку фирми и дека инвестира во градежниот бизнис. Во интервјуто кое тој го даде за Граѓански, индиректно и самиот зборува за своите бизниси во градежништвото кои се енигма за јавноста. Колку “тежи“ Љубчо Георгиевски се уште не е познато. Низата новинарски текстови на оваа тема сведочат за неколку неправилности и нерегуларности во оваа насока. Извор: курир.мк (http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/91267-Kolku-tezi-Ljubco-Georgievski) Контраверзна личност Според информациите на Википедија, во 2006 година, Георгиевски добил бугарско државјанство, со што во Македонија и Бугарија предизвика бројни полемики за вистинските мотиви за ваквиот чин. Самиот тој се дефинира како бугарофил.. Во јуни 2012 година ја објавил својата автобиографска книга „Тоа сум јас“, во која говори за својот личен живот и политичка кариера. Георгиевски, констатира во книгата метафорично, дека „Македонците се најголеми фалсификатори на балканската историја“ и дека ќе го „проколнат мајчиното млеко затоа што се откажале од св. Климент и св. Наум“. Тој остро ја критикува спроведуваната бугарофобска политика на Никола Груевски, кого го дефинира како србофил. Георгиевски го одредува наметнатиот по неговото управување процес на антиквизација во земјата, како карикатура, а проектот "Скопје 2014" како "Дизниленд на Балканот". Георгиевски деновиве повторно ја разбранува Македонија предлага меѓусебна амнестија помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ Деновиве претседателот на ВМРО НП, Љубчо Георгиевски повторно ја разбранува домашната јавност, откако предложи меѓусебна амнестија помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, како една од можностите за излез од политичката криза во која влезе Македонија, по обелоденувањето на скандалот со прислушување од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. ljubco Освен ова, Георгиевски во интервју за 24 Вести излезе со тврдење дека опозициската СДСМ е таа која ги прислушувала политичките елити, новинарите, бизнисмените... „Јас сум 90 посто убеден, еве оставам 10 посто, дека оној дел во кој се министри и функционери на ВМРО е снимано од СДСМ. Цело време викам УДБА за да го заштитам СДСМ. Еве ви кажувам СДСМ снима, што сакате друго да ви кажам“,Георгиевски во интервју за ТВ 24 вести. „Каква е конекцијата меѓу тие тројца (тројцата обвините во случајот Пуч), Верушевски, Костовски и Лазаревски со делови и структури на СДСМ, не можам до крај да ви кажам, но дел од раководството ја фаќа таа јадица. Во која држава го има тоа. 90 % сум убеден во приказната дека Верушевски, Костовски и Лазаревски се дел од структурите кои снимале по сопствен ќеф и волја. Кога е тој момент кога се поврзале со СДСМ не го знам и не ме интересира. Но, таа тројка е истата тројка која го отвори „Големото уво“. Мене не ми требаат дополнителни факти… И мене ми направија Пуч тогаш. И тоа пред кризата во 2001 година. Тие се истите луѓе, изјави Георгиевски. Излезот од политичката криза поранешниот премиер и лидер на ВМРО НП Љубчо Георгиевски го гледа во решение ВМРО ДПМНЕ И СДСМ да бидат амнестирани, да биде избрана преодна влада со мандат да подготви фер и демократски избори и како што истакна за него е прифатлива идејата премиер на таа влада да биде Албанец. Биографски податоци Име и презиме: Љубчо Георгиевски Роден: 17 јануари 1966 година, Штип, Р.Македонија Сопруга: Снежана Георгиевска Син: Лав Георгиевски Р.Ф