Доста се ладевме, ни следи пеколна доба?!
Објавено во: Мои пари 23 Јули, 2014 18:17
После 15 години мирување, човештвото ќе се соочи со температурен пекол, предупредува Шон Ловиџој, професор по физика од Универзитетот МекГил.
Професорот Ловиџој тврди дека до минатата година владеела пауза во растот на глобалната температура, која природно се јавува и трае 15 години. Меѓутоа, наредните години не очекуваат големи жештини со зголемување на „издувните гасови“, кои досега не го покажуваа својот целосен разорен потенцијал.
Од 1992 до 1998 година глобалната температура растеше со неверојатна брзина, а тогаш застана на одредено ниво. Сега започна нова доба на промени, тврди Ловиџој.
Последната таква пауза била помеѓу 1944 и 1976 година. Професорот тврди дека тоа природно ладење привремено го „маскирало“ страшниот тренд на стоплување кој тек започнува.
Многу метеоролози тврдат дека во последните 30 години не паметат вакво лето - невообичаено. Месеците пред летениот период, и зимиски и пролетен, беа надвор од просечната топлина, а таквите промени доведуваат до „метеоекстреми“.
Некои метеоролози тврдат дека сезоната на капење оваа година ќе потрае до ноември?!
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




