ДОВОЛНИ САМО ЗА ХРАНА: По 12 илјади денари за средношколци од социјални семејства
Објавено во: Економија 29 Август, 2016 18:29
Со одвоен буџет од 72 милиони денари, надлежните планираат финансиски да поддржат околу 6000 семејства, односно ученици во средно училиште кои се социјално загрозени.
Апликации за паричен надомест во износ од 12 илјади денари, средношколците ќе може да поднесат до 30 септември во центрите за социјални работи.
Услов да го добијат овој паричен надомест е учениците да мора да се редовни на настава и да присуствуваат на повеќе од 85 проценти од часовите.
Со реакција на овој паричен надомест се јави опозијата.
Од партијата на Заев го обвинија министерот Диме Спасов за играње со најзагрозените категории граѓани.
Од СДСМ потенцираат дека тие средства се на годишно ниво и дека релната и условена помош би изнесувала само 1.000 денари минимална помош. месечно, пари со кои не може ниту храната да се покрие.
Тие реагираат дека Владата не престанува да се лусузнира со милионски суми а најзагрезените категории граѓани ги понижува со минимална помош.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




