Доволно сум стара за да се чувствувам млада
Објавено во: Стил 21 Јануари, 2019 08:37
Пред извесно време читав за еден човек (да ме убиете ако ми текнува од каде беше), кој поднел барање до судот да може да си ја смени годината на раѓање. Човекот имал накај 50 години, ама си се чувствувал како за 30 и нешто, а башка бил и во одлична здравствена состојба и кондиција. Барањето кое го дал на судот било воедно пропратено и со образложение дека луѓето над одредена возраст (читајте 40) стануваат полека но сигурно дискриминирани. Така што, човекот уредно имаше наведено дека годините го дискриминираат во однос на наоѓање работа, партнер итн.
Понатаму приказната одеше дека судот најуредно го разгледал барањето, дека го одбил од низа причини (сосем валидни), но дека секако не може да му забрани на човекот да си се чувствува помлад.
И пазете, ова се случува во земја која не е на Балкан. Прво што помислив беше како ли ќе се чувствувал кутриот кај нас, ако таму некаде во Европа ја почувствувал дискриминираноста. Па на прагот на моите 47 (да, за 2 дена е денот кога јас веќе 10 години се чувствувам како за 35) се подзавртив околу мене да видам како кај нас стојат работите.
Целиот понеделнички муабет со Ана Бунтеска читајте го на Женски магазин, тука.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





