Тошковски: Организаторите во измамата со брзи кредити по итна постапка ќе бидат спроведени пред суд

Објавено во: Македонија 10 Април, 2025 19:37
Организаторите во случајот со измамата со брзите кредити по итна постапка во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред суд, изјави попладнево министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Во гостување на телевизија „Алфа“, Тошковски рече дека се работи за широка лепеза на помагачи кои биле вклучени во измамата со брзите кредити.
Обвинителството денеска соопшти дека е поведена постапка против 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со „брзи кредити“.
За четворица од осомничените, меѓу кои и едно службено лице од Фондот за здравствено осигурување, е поведена истрага за кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични податоци од член 149, Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик, додека останатите се опфатени во постапката со поединечни дејствија на помагање и соизвршителство во секој од случаите поединечно.
Дел од осомничените, без согласност на граѓаните, користеле лични податоци, правеле лажни јавни исправи и преправале вистински јавни исправи со намера таквите исправи да се употребат како вистински. Со внесување невистинити податоци во информатичките системи на десетина различни друштва за „брзи кредити“, како и со фалсификување на електронски потписи, без знаење на оштетените на нивно име земале кредити, создавајќи им обврска на лицата да ги враќаат наводно позајмените средства.
Ваквите лажни податоци лицата ги користеле за да подигнат и по неколку кредити од различни друштва во еден ден, со што прибавувале значителна имотна корист. Потоа парите ги извлекувале од сметка и во најголем дел ги давале на осомничените организатори на вакви измами.
Незаконски прибавената имотна корист од сите вакви дејствија во вкупен обем надминува три милиони денари. бак/дма/
Можеби ќе ве интересира
ПРВ ПАТ МЕРКИ ЗА ЛИЦЕ ОД ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“: Досега беше на лекување

АКО ТРЕБА ДА СЕ СЛИКАТЕ ИЛИ ДА ПОДИГНЕТЕ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ: Работното време на МВР за време на Велигденските празници

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина 24 годишно момче кое се лекуваше во Србија по пожарот во Кочани

ЈАВНО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „СTAНДАРД“: Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

ЦУК: Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите

РАДЕВ СЕ СРЕТНА СО КОС: Кажа што очекува од Македонија

НА ОСНОВА НА ЗЛОУПОТРЕБА СО ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗЕМАЛЕ НАД 600.000 ДЕНАРИ: Кривични пријави за специјалци од ЕБР

АНДОВСКИ: Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се во релативно тешка состојба

БЕКТЕШИ ДОБИ УШТЕ 30 ДЕНА ПРИТВОР: Љупчо Папазов оди во куќен притвор
