19 Декември, 2025
0.0552

Инвеститор градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, им урна ѕид на станари, општината ги повика да тужат

Објавено во: Македонија 10 Април, 2025 19:44

Добивај вести на Viber

Инвеститор урна ѕид на станбена зграда при бетонирање на нов објект на улицата Партизански одреди во Ѓорче Петров.Работниците кои работеле на новата висококатница го пробиле соседниот ѕид и целиот бетон кој го нанесувале за плочата завршил по скалите на соседната зграда.

На инвеститорот којшто урна ѕид од станбена зграда во општина Ѓорче Петров ќе му биде изречена соодветна казна согласно законските прописи и без никакво одлагање ќе биде задолжен да ја санира штетата, информираа попладнево од Општина Ѓорче Петров.

Дел од медиумите денеска објавија дека случајот е пријавен утринава околу 10 часот откако дел од станарите на зградата забележале дека бетон се слева по скалите од станбената зграда.

Од Општина Ѓорче Петров велат веднаш по добивање на пријавата, надлежните инспектори се во контакт со управителот на зградата при што утврдиле дека изведувачот и инвеститорот направиле реална штета.

– Силно сме загрижени од информациите за настанатата штета врз станбената зграда и разбираме дека ваквите ситуации предизвикуваат вознемиреност и чувство на несигурност кај жителите. Ве информираме дека веднаш по добивањето на пријавата, нашите надлежни инспектори се во контакт со управителот на зградата и утврдено е дека изведувачот и инвеститорот направиле реална штета. За истата, тие ќе бидат веднаш, без никакво одлагање, задолжени да ја санираат. Дополнително, согласно законските прописи, против нив ќе биде изречена соодветна казна, стои во соопштението од Општина Ѓорче Петров.

Бидејќи се работи за штета со можен основ за надомест, од Општината додаваат дека жителите имаат право да побараат и дополнителна правна заштита преку надлежните судови.

– Сакаме да нагласиме дека Општината нема да дозволи несовесно градење и постапки кои го загрозуваат квалитетот на живеење и безбедноста на граѓаните. Бидејќи се работи за штета со можен основ за надомест, жителите имаат право да побараат и дополнителна правна заштита преку надлежните судови. Секој изведувач и инвеститор е должен да работи одговорно и во согласност со закон, и нашите служби ќе продолжат внимателно да го следат случајот. Ви благодариме што гласно реагирате и ни помогате заеднички да ја чуваме безбедноста и достоинството на урбаното живеење, додаваат од Општината. 

Во соопштението се наведува дека единствен надлежен орган којшто има право да влезе во објект во градба е Градежниот инспекторат, за кој велат дека во случајот постапува согласно своите овластувања. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот