18 Мај, 2024
0.0327

Дознајте го најдобриот третман против стареењето

Објавено во: Стил 16 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Ефектот на квалитетно трчање или велосипедизам се гледа на вашата кожа. Еве зошто…

Еден од најдобрите третмани против стареење на сите времиња е вежбањето. Ползата од вежбањето оди многу подалеку од мускулестиот, скелетниот и кардиоваскуларниот систем. Имено, тренингот во голема мера влијае на состојбата на вашиот најголем орган – кожата.

Ријана Стивенсон, поранешна канадска атлетичарка и нутриционистка, сподели некои занимливости за здравјето на кожата кои не тераат да се придвижиме малку повеќе.

Ја намалува гликацијата

Напредната гликација на крајните производи позната како „AGEs“  е биохемиска реакција која предизвикува оксидативно оштетување на крвните садови и ткивата. Зошто е тоа лошо за кожата? Гликацијата го спречува создавањето на колаген и еластин, а придонесува и за воспаление и оштетување на мобилните мембрани. Ова не само што го забрзува процесот на стареење, бидејќи ја спречува регенерацијата на кожата, туку ја прави и подобна за оштетувања предизвикана од сончеви зраци. Студијата објавена во списанието „Дневник за метаболизмот покажа дека со вежбање се намалува нивото на гликоза во крвта.

Ја подобрува циркулацијата

Добрата циркулација значи поголем проток на кислород и хранливи материи до кожните клетки, а поголемо излачување на токсини. Со зголемување на протокот на крвта се елиминира вишокот на клеточните остатоци и се намалува ризикот од оштетување на клетките кои овие потенцијално штетни молекули можат да го предизвикаат. – „Тоа изгледа комплицирано, но кога ќе размислите околу тоа, кожата е нашата заштита од надворешниот свет, а изложена е на разни загадувања во текот на денот. Зголемениот проток на крвта ја зголемува можноста за елиминирање и неутрализација на токсини пред тие да предизвикаат оштетување на кожата“, објаснува Ријана.

Спречува клеточна смрт

Ријана објаснува дека вежбањето ослободува „IL 15“, соединение кое ја спречува смртта на клетките. Една студија на Универзитетот „Мек Мастер“ во Канада покажала дека учесниците кои само два пати неделно возат велосипед, за три месеци покажале одлични резултати кога станува збор за подобрување на состојбата на кожата. Тие имаат потенок и поздрав слој на кожата и подебел среден слој, што се промени кои го прават човекот 10 години помлад.

Што чекате? Качете се на велосипед!