05 Декември, 2025
0.0769

Дознајте кои се најпосакувани шефови според хороскопот

Објавено во: Стил 17 Септември, 2013 10:30

Добивај вести на Viber

Знаете ли кој хороскопски знак е вашиот шеф? Прочитајте што, според хороскопот, можете да очекувате од него. ОВЕН Овенот е шеф двигател. Често ја зема работата во свои раце и го решава проблемот, а тоа го одчекува и од останатите. Директен е и не трпи будалаштини и често кажува што очекува. Брзо може да се налути, но и лутината брзо му поминува. БИК Биковите шефови ја ценат коректно и точно завршената работа. Тие имаат остро око, но секогаш можете да се потпрете на нивното топло срце и совет. БЛИЗНАЦИ Овој шеф извршува повеќе работи одеднаш - разговара на телефон, проверува е-маил, довикува и кажува кој што треба да работи и сл. Тие се восхитуваат на интелегенцијата. Обично се ведри и расположени, но знаат да бидат намуртени и завидливи. РАК Ракот шеф е како мајка или татко-чувар на стадото. Тој секогаш ќе ве слуша, но од вас ќе бара наклонетост. Раздорот и лошата волја се прифатливи, но не и откривањето тајни. Овој шеф често носи оклоп и се повлекува во својата школка. Ја почитува затворената врата. ЛАВ Лавот шеф е секогаш во право. Но ако нешто знаете подобро од него, добро размислете дали да му кажете. Но, никако не го правете тоа пред другите. Светот се врти околу лавот и тој сака да се однесува доминантно. Почитувањето доста го цени но не се понижувајте. Така ќе го изгубите неговото почитување ДЕВИЦА Шефот девица е екстермно педантен во деталите. Точноста многу ја цени, а нередот го прави нервозен. Сака да има контрола над околината и секогаш е подготвен да помогне. ВАГА Правдата е една од најважните работи на вагата. Шефот вага бара и праведност во работниот однос. Има остар ум и одлични преговарачки способности. Не толерира озборувања и лоши вибрации. ШКОРПИЈА Овој шеф е енигма. Делува пријтелски и е полн со самодоверба. Одличен е како менаџер за човечки ресурси, бидејќи може да ги согледа скриените мотиви. Што и да кажете, тој ќе го стави тоа во својата меморија и потоа ќе донесе оценка за вас. Бидете отворени со него за да избегнете отровни каснувања. СТРЕЛЕЦ Шефот стрелец е забавен, но ако се почитува неговото мислење. Тој сака дебати, но и сака да победува. Може да биде сезнајко, но и да зборува во празно, но може да биде и инспирација и одличен ментор и водач во бизнисот. Често патува.. ЈАРЕЦ Зботот шеф како да е измислен токму за него бидејки природно се издигнува над другите и им кажува на другите што да работат. Имаат топли родителски особини. Но не се секогаш чувствителни и тактични. Шефот јарец им се восхитува на оние кои сами ги решаваат проблемите. ВОДОЛИЈА Овој шеф е горд на неговата способност да ги преминува границите. Водолијата е одличен тимски играч и често ќе ве прашува како напредува работата. Шефот водолија понекогаш изгледа отсутно и ладно, но тој тогаш е изгубен во неговиот свет. РИБИ Рибите се полни со разбирање кон своите вработени. Рибата ќе ве цени ако и помогнете во организацијата бидејќи тоа и е слабата страна. Таа е многу креативна.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: