17 Мај, 2024
0.0300

Дознајте која е поврзаноста меѓу ноќната смена и ракот на простатата

Објавено во: Стил 03 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Работата во ноќната смена може да го измени  биоритамот , а исто така е поврзана  со дебелината, ракот на дојката, многу ризик фактори за крвните садови и лошото регулирање на шеќерот во крвта, а заради зголемениот замор ,работниците кои работат ноќе ,склони се кон повреди. Канадските стручњаци кон ова го додадоа и трипати поголемиот ризик за рак на простата, како и зголемен ризик за развивање на други малигни болести како рак на цревата, мочниот меур и белите дробови. Истражувачите веруваат дека работата во ноќе му наштетува на телото бидејки врши супресија на мелантонинот , хормон кој одредува кога спиеме , а кога сме будни и на тој начин поттикнува создавање на тумор. Со доаѓање на ноќта, се зголемува ослободувањето на мелантонинот кој во нас поттикнува поспаност.На пример, ако станете во текот на ноќта за да одите во тоалет и го уклучите светлото,создавањето на овој хормон нагло ќе престане и нема да продолжи да се создава во текот на ноќта.