Дознајте што ве чека викендов според хороскопот
Објавено во: Општо 20 Јули, 2018
ВАГА
Преполни сте со самодоверба и имате потреба да бидете во центар на вниманието. Пријателите и семејството не можат да ве препознаат, особено поради потребата да им се наметнете. Тие се навикнати да се однесувате дипломатски и да не го зголемувате тонот непотребно. Викендов е можно да отпатувате на краток пат, но бидете особено претпазливи со трошоците. Имате зголемена потреба за трошење што може сериозно да ви го наруши семејниот буџет. Доколку сте вљубени, очекувајте прекрасен викенд со многу пријатни средби.
СКОРПИЈА
Препуштени сте на емоциите и немате особена потреба за дружење. Се уште се чувствувате како целиот свет да лежи на вашите плеќи и имате голема потреба да отидете некаде и да заборавите на се. Викендов ќе се занимавате со домашните работи и тоа ќе ви одземе поголем дел од времето. Доколку планирате да отпатувате внимавајте како возите. Концентрацијата ви е намалена и најдобро е воланот да му го препуштите на некој друг. Доколку сте осамени, време е сериозно да размислите дали личноста за која постојано размислувате го заслужува тоа.
СТРЕЛЕЦ
Викендов ќе се занимавате со семејните финансии. Тоа никако не ви оди од рака и ќе морате да побарате помош од партнерот или од некој член на семејството. Имате потреба работите да ги доведете во ред и тоа ве прави нервозни и избувливи. Ако планирате пат, одберете место каде што ќе можете да заборавите на се и да соберете енергија за периодот кој ве очекува. Партнерот е посветен на семејството и тоа ви пречи. Имате зголемена потреба за внимание. Ако сте осамени, движете се на места каде што има добра храна. Може да сретнете некого што ќе ве заинтересира.
ЈАРЕЦ
Ако планирате некое реновирање или градење, викендов ќе ви помине во работна атмосфера. Всушност вие повеќе имате желба работите да останат по старо, но не можете да му се спротивставите на притисокот на семејството. Како да сте фатени во стапица и не можете да излезете од неа. Ако планирате пат, бидете претпазливи и не влегувајте во конфликти со партнерот или некој член од семејството. Најдобро е да се повлечете и да заборавите на своите тврдоглавост и суета. Доколку сте слободни, една личност од минатото ќе ви испрати глас преку пријател.
ВОДОЛИЈА
Работата ви одзема поголем дел од времето и поради тоа го запоставивте дружењето. Пријателите не ви забележуваат, затоа што знаат дека имате приоритети на кои морате да им се посветите. Работите ви одат добро, но вие сакате многу повеќе од она што го добивате и поради тоа ве обзема нервоза. Можно е да отидете на краток пат, но и таму ќе ја пренесете нервозата и нема да можете да се опуштите. Ако сте слободни, можна е средба со личност родена во воздушен знак. Конверзацијата ќе биде добра, но за ваша жал, кратко ќе трае.
РИБИ
Имате зголемена потреба за љубов. Сакате и да примате и да давате, но не, скриено како што тоа вообичаено го правите, туку сакате на сите да им ставите до знаење што чувствувате. Периодов ви е многу добар и не знаете како да се справите со толкав наплив на емоции. Ако патувате на викенд или на годишен одмор, време е да престанете да мислите на семејството и да си дадете шанса да уживате. Потребата за жртвување ќе биде помала од вообичаено, но сепак нема да можете да избегате од себе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.