Драги: Потребен е „елемент“ за реструктуирање на грчкиот долг
Објавено во: Балкан 12 Октомври, 2015 15:15
За преглед на долговите на Грција отворено проговори и претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги. Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, тој посочил дека два се факторите кои ќе бидат важни за Грција во следните месеци - спроведувањето на третата спасувачка програма и одржливото управување со долгот.
„Ние веќе изразивме загриженост во врска со одржливоста на долгот и според нас е неопходен елемент на реструктуирање на долгот“, изјавил Драги, но додава дека тоа е невозможно да се случи, без да биде исполнета првото обврска на Атина - структурните реформи во спасувачката програма.
Во своето интервју Гувернерот на „ЕЦБ“ наведува дека сегашната влада дала најмногу јасни барања за спроведување на болните мерки од 2010 година наваму. Според него токму спроведувањето на структурните реформи ќе ја врати Грција по патот на растот.
„Под структурни реформи треба да се сфати промена во структурата на економијата, која ќе ја направат конкурентна. Поконкурентна економија не се мери само со можностите за извоз, но и значи дека секој кој сака да започне бизнис, ќе може да го направи слободно, без проблеми. Тоа значи флексибилен и отворен пазар на труд“, додал тој.
Повторни преговори за долгот беше едно од главните предизборни ветувања на лидерот на „СИРИЗА“, Алексис Ципрас на изборите во септември. Во почетокот на годината неговата партија дојде на власт со ветувањата за фер преговори за Грција со доверителите и навестување за прекин на лошата пракса за потпишување на спасувачките програми.
Тоа сепак не се оствари и револуционерните расположенија на „СИРИЗА“ засега изгледаат изгаснати во очекување на отстапките од страна на ЕУ и останатите доверители на земјата. На крајот на овој месец ќе почне и првиот преглед на спроведувањето на одобрената оваа лето спасувачка програма и Атина добива се повеќе јасни сигнали дека со одобрување на мерките дебатите за долгот ќе се одржи.
Пред тоа сепак Ципрас прво ќе треба да ги помине болните реформи во парламентот, како ќе ги убеди и скептиците во своите редови.
Во своето интервју Марио Драги ја коментирал уште и рекапитализацијата на банкарскиот сектор. Според него за тоа не треба да се користат депозитите во грчките банки, бидејќи тоа ќе биде „контрапродуктивно и ќе и наштети на обновата на грчката економија“, како и ќе има многу негативен ефект врз приватниот сектор. „Еврогрупата ја зазеде нашата визија“, вели уште Драги.
Според него, многу е важно како грчките власти ќе ги исполнат одобрените мерки за финансискиот сектор и рекапитализацијата на банките да заврши до крајот на оваа година.
Потсетуваме дека од 1 јануари 2016 година во ЕУ влегува во сила директива, која предвидува банките да бидат стабилизирани не само со пари на даночните обврзници, туку и со учество на вложувачите, акционерите и обврзниците. На неколку пати од ЕК веќе коментираа дека тоа сепак не е предвидено во спасувачката програма на Грција, договорена во јули.
За Драги кога ќе се случи укинувањето на капиталната контрола над банките, зависи само од грчката влада. Тој додава дека банкарскиот систем е во многу тешка ситуација поради масовното повлекување на банкарските депозити во последниве месеци, произлезено од недостатокот на доверба во банките.
„Банкарскиот одмор и капитална контрола наметнати од владата, беа единствениот начин за стабилизирање на банкарскиот систем во краток период“, изјавил Драги и дополнува дека укинувањето на капиталната контрола ќе се случи кога грчките власти сметаат дека довербата во секторот е вратена.
Драги ги негираше и обвинувањата дека „ЕЦБ“, со повлекувањето на поддршката во текот на летните месеци, е причина за затворањето на банките. „Нема посебен третман за или против Грција“, бил категоричен тој, посочувајќи дека централната банка на еврозоната работи според Договорот за ЕУ. Ликвидната помош (програмата ELA за Грција) не е бесконечна и се доделува под одредени услови, дополнил Драги.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




