Драматично спасување на туристи на црногорското приморје
Објавено во: Балкан 28 Јули, 2014 15:50
Невремето кое во текот на викендов го зафати регионот и донесе проблеми и на Црна Гора, каде Службата на приморската безбедност и пловната единица на полицијата во спасувачката акција во зоната помеѓу Бар и Петровац спасија 12 лица.
Драматично били и кај Будба каде припадници на тамошната служба за заштита и спасување на Црвената плажа спасиле 14 туристи, објавија црногорските медиуми.
Драмата во Будва траеше до полноќ. Пожарникарите успеаа спуштајќи се низ падобран еден по еден туристите кои ги фатила паника да ги извлечат од карпи до патот.
Драматични сцени се случиле и на морето меѓу Чањ и Булјарица. Невремето и јужниот ветер, кои ескалираа во неделата доцна попладне, подигаа големи бранови кои предизвикаа потонување на неколку чамци, за среќа без човечки жртви.
Според достапните податоци, спасувачки чамец извлекол група деца и возрасни, откако во морето помеѓу Чањ и Булјарица забележал уште едно лице кое барало помош.
Во вестите е пренесено дека најопасно било кај Чањ, каде мештаните со чамци и пловната единица на полицијата се бореле од Кралската плажа да извлечат туристи кои останале заробени на брегот.
Поради невремето речиси на сите плажи биле истакнати црвени знамиња.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни




