15 Декември, 2025
0.0719

ДРАМАТИЧНО ВЕЧЕРНО ОБРАЌАЊЕ НА ОБВИНИТЕЛКАТА РУСКОВСКА - бара помош од амбасадите на САД и ЕУ, најавите од Муареми ги смета за притисок

Објавено во: Македонија 04 Август, 2022 07:48

Добивај вести на Viber

Обвинителката Вилма Русковска бара странска и владина помош против притисоците од владиниот функционер Муареми, откако тој претходно најави кривична пријава против неа и уште две обвинителки кои минатиот месец направија претрес во Управата за финансиска полиција.

Шефицата на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција синоќа преку писмено обраќање ги повика на помош амбасадите на САД и ЕУ, Владата и јавноста од, како што го нарекува, загрозувачкиот притисок од претставник на владата, односно директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми, за кој нагласува дека е под истрага, а кој вчера на прес најави дека неа и на две други обвинителки ќе им поднесе кривични пријави.

„Ги повикувам сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред сè Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ еднаш засекогаш да се проверат сите факти и да се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот. Исто така ја замолувам и Европската обвинителка Ковеши, доколку е во можност, да дојде и да ги провери сите предмети на ОЈО ГОКК откако јас сум на чело на Обвинителството, со посебен осврт на предметите за Драги Ршковски, Мухамед Зекири и овој најновиот за Арафат Муареми“, пишува Русковска.

Реакцијата на шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал доаѓа откако Управата за финансиска полиција најави кривична пријава против Русковска и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска кои го извршиле претресот во Управата на 18 минатиот месец.

Обвинителката прашува „како тоа се напаѓаат клучните обвинители кои ги водеа случаите против Катица Јанева, Фросина Ременски, Драги Рашковски и Мухамед Зекири, а во исто време водат и повеќе предистраги за актуелни и поранешни високи владини функционери“, како и дека „никогаш нема две вистини, има само една“.

Таа вели дека во наредниот период е подготвена со јавноста да ги сподели информациите кои ОЈО ГОКК ги има за директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми, „па јавноста нека суди кој е криминалец, а кој се бори против криминал“.

„Токму поради овој атак и притисок врз обвинители на ОЈО ГОКК треба и меѓународните институции, како и амбасадите на САД и ЕУ сериозно да преземат мерки затоа што ова најмалку доликува на членка на НАТО и земја што почнала преговори за ЕУ, каде владеењето на правото е имератив“, пишува Русковска.

Таа ги повика домашните институции да реагираат за притисоците лично кон неа и кон Обвинителството за гонење организиран криминал затоа што „во државата има криминал, но има притисоци тој да не се гони“.

„Македонија не е ниту диктатура, ниту монархија, во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери за обвинители да замижуваат пред кој било криминал, па и тој да е во највисоките ешалони на власта“, пишува Русковска.

За Арафат Муареми, Русковска вели дека нема да дозволи лице против кое се постапува да ѝ го валка образот, а пред јавноста ќе презентира што е откриено за да се види кој сторил криминал.

„Јас како обвинител со стаж повеќе од 34 години, во кои обвинител за организиран криминал од самото основање на Одделението за организиран криминал на ЈОРМ далечната 2004 година, нема да дозволам лице за кое се проверува постапувањето да ми го валка образот и честа кои долги години макотрпно сум ги градела. Честа, угледот, поштењето, ги имам научено од мала возраст од моите родители кои и двајцата се бореле со фашистите за денешна слободна и независна Македонија. Татко ми беше потполковник на дивизија во НОВ, закопан со бугарски куршум. Мајка ми партизанка која лежела во бугарски затвор и која се борела и на Сремскиот фронт“, пишува меѓу другото Русковска.

Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани