19 Декември, 2025
0.0361

Дрекслмајер дели откази!

Објавено во: Економија 17 Мај, 2014 19:25

Добивај вести на Viber

Околу 60 работници добиле откази по штрајкот во фабриката „Дрекслмајер“ во Кавадарци, јави Телма. Според телевизијата, отказите не ги делат сопствениците, туку шефовите кои се назначени од нив. Некои од вработените апелираат до своите колеги да не се плашат за последиците и гласно да говорат за проблемите. Пред четири дена менаџментот на Дрекслмаер се јави со соопштение, работниците го прекинаа штрајкот. Компанијата во соопштението објасни дека не се работело за штрајк, туку за недоразбирање со вработените. - Спротивно на тврдењата Дрекслмајер не им ја намали платата на своите вработени. Овде се работи за недоразбирање. Од бруто платата како што е законски пропишано се исплаќаат социјалните придонеси и персоналниот данок. Потоа на вработените им се исплаќа нето-плата. Дрекслмајер се придржува на превземените обврски кон вработените, стои во соопштението на Дресклмаер. Но менаџментот во соопштението не спомена ништо за барањата на вработените да им биде исплатен бонусот кој им го ветиле за работа за време на велигденските празници.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии