14 Декември, 2025
0.0471

Дрин Ахмети стана директор на Соравиа

Објавено во: Економија 29 Септември, 2023 08:30

Добивај вести на Viber

Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, стана управител на бизнис центарот „Соравиа“ во Скопје, откако беше објавено дека една од неговите фирми претходно треба да добие сопственички удел во овој деловен комплекс.

Од 13 септември, Дрин Ахмети е втор директор во „Соравиа Инвест“, заедно со постоечкиот бугарски државјанин Валери Атанасов. Хано Соравиа и натаму се води како сопственик на компанијата.

Како што беше претходно објавено за младиот бизнисмен од Кичево, тој ќе стане втор по големина сопственик со удел од 39 отсто во деловниот центар „Соравија“. Мнозински сопственик со 51 проценти од акциите ќе биде Владимир Пјетерѓокај со албанската компанија „Пе-Вла-Ку“, додека 10 проценти ќе му останат на досегашниот сопственик Хано Соравија. Соравија ја премолче цената за купопродажбата на деловниот центар, велејќи дека е деловна тајна.

Партнерите тогаш истакнаа дека трговскиот „Соравија“ има над 20 милиони евра долг. За негово покривање, ниту денар нема да дадат новите компании - сопственици, туку за таа намена е земена кредитна линија во висина од 6 милиони евра од албанската Крединс Банк. Во зависност од развојот на бизнисот, се планира да се намалува и долгот. Доколку за три години деловниот центар „Соравија“ биде непрофитабилен, сопствениците планираат да го продадат. Освен за долгот, тројцата сопственици на “Соравија“ практично не открија никакви детали за купопродажбата.

И инвестициската компанија со седиште во Австрија „Хано Соравиа џи-ем-би-ејч“ преку писмено соопштение објави дека продава 90 отсто од акциите во двете нејзини клучни фирми во Македонија – „Соравиа инвест“ и „Соравиа менаџмент“, кои стојат зад бизнис-центарот „Соравиа“ во строгиот центар на Скопје. 

Фирмите кои Дрин Ахмети ги поседува - Еверест ЏД и Потам Плант, од пред две недели наместо „Кичево“ го имаат називот „Скопје“ во своето име и се префрлени на адресата „Филип Втори Македонски бр.3“ каде што е бизнис центарот Соравиа. Од она што претходно е опишано во медиумите, станува збор за фирми кои работат со концесии.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје