19 Април, 2024
0.0265

Другите не им се извор на среќа: Зошто интелигентните луѓе немаат многу пријатели

Објавено во: Стил 25 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Памет не е она кога во вашето друштво сте најдобри во играта „интересна географија“. Ако навистина сте натпросечно интелигентни, најверојатно е дека нема ниту да ја играте бидејќи нема со кој.

Неодамнешно истражување го потврдило она за кое досега само се шушкаше , а тоа е дека високата интелигенција го „загрозува“ општествениот живот.

Студијата објавена во магазинот „British Journal of Psychology“ зборува за истражувањето кое траело неколку години, а каде е следен животот на личности на возраст меѓу 18 и 28 години. Како што и можело да се очекува, тие кои најмногу се дружат се најсреќни. Сепак, за оние високо интелигентните не е баш така, затоа што друштвото не ги прави среќни. Среќата во нивниот живот е обратнопропорционална на бројот на луѓе што ги среќаваат. Уште од времето кога луѓето преминувале од фазата на ловци во фазата на собирачи, почнала да се развива интелигенцијата. Луѓето почнале да се прилагодуваат на живот на едно место. Оние кои сфаќале како да се прилагодат биле најпаметни, па и преживувале.

Преведено на јазикот на денешницата, високо интелигентните луѓе постојано решаваат проблеми кои немаат врска со усовршувањето на животот и тие немаат време за дружење затоа што социјализацијата им е губење на истото. Во денешно време на луѓето повеќе не им се потребни другите за да преживеат. Заедницата веќе не е сигурност. Меѓутоа во денешното конформистичко време потребата за усовршување, иако константна, сепак бара социјализација заради што интелигентните по малку се во тесно.

Со анализа на бројот на фејсбук пријатели утврдено е дека личноста може да има илјадници пријатели но само 27 проценти од нив се сметаат за релевантни, а со само 4 проценти има контакт. На паметните другите не им се извор на среќа, туку она што самите можат да го создадат и да го подобрат животот.


Foto: Vestinet 

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре