Државата без регулиран надомест за чуварите на нафтените резерви
Објавено во: Економија 05 Февруари, 2019
Чуварите на нафтените резерви се уште со празни раце а денес во Законодавниот дом предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати влегува во второ читање.
Како што пишувавме поминаа уште едни законски измени, а државата не го регулираше прашањето за надоместокот кон приватните компании кои ги чуваат државните нафтени резерви.
Тоа значи дека и оваа година Макпетрол, ОКТА и Лукоил ќе треба да ги складираат резервите, а за тоа да не добијат ниту денар а со законските измени , за една година или до 2020 година се пролонгира плаќањето на надоместокот.