Државата ќе наплаќа дополнителен данок од Стопанска Банка и од НЛБ Банка
Објавено во: Економија 05 Август, 2025 07:50
Двете најголеми деловни банки во доминантно странска сопственост - Стопанска Банка и НЛБ Банка, од оваа година ќе платат многу повисок данок за државата, што може да се види по отчетот за рабoтењето по првата половина од 2025.
Ефективниот данок на добивка за двете системски банки е зголемен од 10 на 15 отсто, откако државата за оваа година го воведе Закон за минимален глобален данок на добивка. Според поднесените полугодишни извештаи до „Македонска берза“, Стопанска Банка и НЛБ Банка имаат горе-доле еднаква добивка како првата половина од минатата година, но затоа данокот што ќе го исплатат е значително повисок.
Стопанска Банка за работењето од првите шест месеци од 2025 ќе треба, спооред пријавенит биланс, да плати данок од 281 милион денари, додека за истиот период лани, биле платени 198 милиони денари.
- Согласно примената на регулативата за глобален данок кој ја засега, Стопанска банка пресметува данок со примена на ефективната даночна стапка од 15 отсто, кој претставува зголемување од 42 отсто во однос на истата категорија од минатата година и соодветно се одразува на намалување на добивката по оданочување, гласи коментарот на оваа банка во својот извештај.
Данокот што треба да го плати НЛБ Банка изнесува 232 милиоони денари. И овдека разликата со минатогодишните 182 милиони денари е значително повисока во ситуација кога висината на добивката е речиси иста.
- Во првата половина од 2025 година, Банката оствари нето добивка по оданочување од 1.610.020 илјади МКД, и пресмета вкупен данок од 231.958 илјади МКД, по ефективна даночна стапка од 15 прценти којашто вклучува дополнителен минимален глобален данок, воведен на крајот на 2024 година, наведено е во берзанскиоот коментар на банката.
Минималниот глобален данок на добивка е наменет за мултинационалните компании кои работат во земјава и нивните матични централи имаат приходи повисоки од 750 милиони евра. Петпроцентниот данок ќе се пресметува и наплаќа од 2026, а ќе се базира на резултатите што ќе се постигнат во текот на годинава.
На мултинационалните компании кои дел од својата дејност ја вршат на македонска адреса, дополнителниот данок ќе им се наплати овде. А, не во земјата каде што е нивното седиште. Според одредбите, овој закон ги опфаќа сите составни субјекти – членови на мултинационални компании или на голема домашна група со годишен приход поголем од 750 милиони евра.
Со Законот се направи усогласување со Директивата на Советот на ЕУ за обезбедување на глобално минимално ниво на оданочување за групи на мултинационални компании и големи домашни групи во Унијата. Во земјава нема голем број компании што се дел од мултинационални корпорации.
Според она што претходно го најави премиерот Христијан Мицкоски, овој дополнителен данок ќе го плаќаат уште и Телеком, А1, Титан Усје, ЕВН, како и други, при што овие крпоорации не делуваат во слободните индустриски зони.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




