Државата не знае кога ќе заврши автопатот Кичево - Охрид
Објавено во: Економија 09 Октомври, 2020 08:24
Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, не е сигурен кога ќе биде пуштен во употреба, односно кога ќе заврши изградбата на автопатот Кичево - Охрид, кој започна да се гради во 2014 и државата ќе ја чини 600 милиони евра. Како што спомена министерот, не може да се обврзува со давање на рокови за делницата од 55 километри, но вели дека динамиката на изградба е во нагорна линија.
- Таму процентот на реализација по првиот проект, таков каков што е , го знаете сите, многу го дискутиравме, е 85 проценти, но после репроектирањето и сите додатни работи што се случија како клучки и нови косини некаде процентот на реализација е 55 отсто. Вчера на терен во Кичево имавме 230 градежни машини и 820 инженери и работници на Кичево - Охрид. Сакам да нагласам дека динамиката оди по нагорен тренд, но треба да се направи експропријација на сите придружни делници, вели Бочварски.
Завршницата на автопатот првично беше најавена за 2021 година. Сепак неколку години по почетокот на неговата изградба се утврдија сериозни пропусти во проектната документација, во која требаше да се додадат нови клучки и косини. Вредноста на првичните 400 милиони евра се искачи на околу 600 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




