20 Мај, 2024
0.0256

Државата предвиде екстра 3,8 милиони евра за ОКТА, Макпетрол, Супертрејд и Лукоил

Објавено во: Економија 06 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Лиценцираните трговски друштва за чување на државните нафтени резерви Макпетрол, ОКТА, Лукоил и Супертрејд за прв пат во 2020 ќе добијат пари за складовите на дизел, бензин, домаќинска нафта и мазут и тоа вкупно 3,8 милиони евра. 

Ова ќе бидат како екстра средства во приходите на импортерите кои имаат договори на неопределено време, затоа што овие пари Дирекцијата за нафтени резерви за прв пат ги предвидува во својот годишен план.

„Согласно лански изменетата владина уредба, на четирите трговци кои го чуваат државниот бензин и дизел треба да им се плаќа по 2,5 евра за секој складиран метар кубен. Дирекцијата во годишниот финансиски план пресметала дека тоа ќе ги чини 3.817.356 евра, покрај сите останатите трошоци кои се горе-долу исти како и секоја година“, велат од дирекцијата.

Додека се уште се чекаат билансите за 2019, може да се каже дека Супертрејд годината 2018 ја заврши со добивка од милион евра и приходи од околу 90 милиони евра, Макпетрол со 300 милиони евра приход и добивка од 12,7, додека Лукоил и ОКТА имаа приходи од 115, односно 450 милиони евра, а добивки од 4 милиони евра првиот, односно без профит во таа година овој вториот..

Дирекцијата за нафтени резерви за 2020 скрои буџет од 24 милиони евра за 2020, од кои половината ќе бидат наплатени од прометот на горивата, додека другите средства се префрлаат како останати од ланската сметка.

Оваа година импортерите-складиштари за прв пат ќе се опарат за чувањето на резервната нафта и нафтени деривати кои на барање на ЕУ треба да бидат доволни за 90 дена под претпоставка во земјата поради одредена криза да биде прекинат увозот, иако бројките покажуваат дека Македонија има далеку помаку резерви.

Тоа може да се види и од планираните договорни услуги во финансискиот пан на агенцијата, каде што за оваа година се планирани 321 милион денари како трошоци, од кои најмногу за услугата чување на резервите за приватните складиштари, додека во 2019 на оваа ставка се потрошиле само околу 8-9 милиони денари.

Ова е втора највисока ставка на дирекцијата, по онаа за купување на бензин и дизел од трговците за што се предвидени 18 милиони евра од планираниот буџет.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра