Државата проценува колку да му плати на „Макпетрол“ за да си оди од ГА-МА
Објавено во: Економија 19 Ноември, 2018 09:44
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев изјави дека државато во моментов преку Бирото за судски вештачења ќе проценува колку треба да му плати на „Макпетрол“ за да си замине, односно да го отстапи својот удел од ГА-МА.
Новиот Закон за енергетика предвидува сопственик или косопственик на преносниот гасоводен систем од Бугарија до Македонија да не смее и да не може да биде истовремено и сопственик на фирма која врши снабдување со природен гас, така што „Макпетрол“ мора да отпадне од оваа комбинација.
„Макпетрол“ треба да остане само снабдувач со гас, а во моментов во ГА-МА е заеднички сопственик со државата.
„Како што беше најавено и во текот на донесувањето на Законот за енергетика, потребно е да се направи проценка на вредноста на уделот на Макпетрол АД Скопје во АД ГА – МА и истата ќе биде изготвена од страна на Бирото за судски вештачења. Изготвувањето на проценката е веќе во тек и се работи на истата. Станува збор за комплексен процес. Колкав ќе биде износот и како ќе се плаќа ќе се дефинира по завршување на проценката, во следните години.“, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Откако ќе биде завршена оваа постапка, државната компанија „Македонски енергетски ресурси“ (МЕР) треба да биде единствен сопственик на дистрибутивната мрежа на гас.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




