18 Декември, 2025
0.2530

Државата трие раце, ќе се опари и од други ТИРЗ-овци

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2019 07:00

Добивај вести на Viber

Покрај Џонсон Мети, и на други странски инвеститори од технолошко-индустриските развојни зони им истекуваат „привилегираните“ рокови и се очекува да започнат со плаќање на данокот на добивка, како и другите законски обврски кои што им следуваат истовремено со завршувањето на почетните договори за државна помош 

Џонсон Мети од Бунарџик е убедливо најдоходовен странски инвеститор во Македонија и еден од најголемите во Југоисточна Европа со чиста добивка од околу 100 милиони евра во 2017-та, но во блиска иднина има кандидати кои истовремено добро ја разработија својата дејност во Македонија и можат значително да ја полнат државната каса како што се Кемет електроникс, Дракслермаер и Кромберг и Шуберт.

Премиерот Зоран Заев веќе потврди дека во 2018-та произведувачот на катализатори за прв пат бил даночен обврзник.

- Една странска инвестиција, Џонсон Мети, која беше дого време поддржувана, повеќе не е поддржувана од државата и плаќа 30 милиони (евра) данок на добивка годишно, плаќа еден куп придонеси, данок на додадени вредности. Меѓутоа инвестицијата останува тука и сега ние ќе гледаме да биде профитабилна, да егзистира и понатаму, затоа што тоа е добро за Македонија, рече премиерот Зоран Заев во емисијата „24 Отворено“ неодамна.

Даночниот експерт Павле Гацов вели дека ова е само почеток и дека нови даночни обврзници од слободните зони ќе има и во 2019-та.

- Она што го плати Џонсон Мети е за сработеното во 2017-та, додека за 2018-та допрва ќе се утврдува колкава ќе биде сумата. Моите сознанија велат дека наплатата на данок на добивка и на персоналниот данок како обврска ќе ја имаат и други инвеститори оваа година, но неблагодарно би било да лицитирам уште сега со нивните имиња - вели Гацов.

Фисканиот расход на Џонсон Мети е една од причините за големата разлика во наплатата на данокот на добивка од страна на Управата за јавни приходи во текот на 2018-та во однос на една година претходно. Вкупната сума на данокот на добивка направи голема разика во вториот и третиот квартал, со дури 25 отсто повеќе собрани средства во однос на истиот период од 2017-та. Истовремено не е забележана многу поголема разлика во наплатата на персонаниот данок на доход, ДДВ и социјалните придонеси по првите три квартали од 2018-та споредбено со истиот период од 2017-та.

ТИРЗ-овите компании во изминатиот период беа привлечени од можноста извесен период да не плаќаат даноци, субвенционирањето на придонесите и платите на работниците, како и од други примамливи олеснувања.

A.K.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?