Државен испитен центар: Матурантите препишувале откако ги добиле тестовите по англиски јазик
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2023 15:34
Од Државниот испитен центар денеска реагираат дека не е пробиен тестот за полагање на државна матура по англиски јазик пред да им биде доделен на матурантите. Иако мобилните телефони се забранети, имало ученици кои успеале да ги внесат.
Од таму нагласуваат дека учениците го споделувале на Вибер за време на тестот, откако истиот започнал. Неофицијално, споделувањето по Вибер групи не е прв пат, туку пракса која трае подолго време. Според ДИЦ, тестот бил спроведен професионално.
Денеска матурантите го полагаат вториот екстерен испит. Тој е изборен и тие можеа да се определат за еден од седум понудени предмети. Според податоците на Државниот испитен центар, како и во минатите години најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик, за Математика се пријавени 1397, Француски јазик - 29, Германски јазик - 122, Руски јазик - 17, Естетика - 81 и Филозофија ќе полагаат седум матуранти. За полагање на државната матура во јунскиот испитен рок годинава беа пријавени 15 620 матуранти. Од нив, 6750 се од гимназиско образование, 8598 од средно стручно и 272 од средно уметничко образование.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




